Халденслебен () — град во Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на реката Оре, околу 30 километри северозападно од Магдебург. Поврзан е со железничката линија до Магдебург, Ебисфелде и Ајлслебен. Претставува административно седиште на округот Берде. Има протестантска и католичка црква. Старата скулптура на Роланд ги симболизира правата на средновековната населба која ги добила правата како „град“. Таа е единствената скулптура која седи на коњ во светот. Пред 1939, кога се споил со Алтхалденслебен, градот бил нарекуван Нојхалденслебен.

Меѓународни односи

Халденслебен е збратимен со следниве градови:

Цеханув, Полска

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Берде Категорија:Саксонија (пруска покраина)