Величествениот султан (турски: Muhteşem Yüzyıl, буквалниот превод на македонски е Величествениот век) или едноставно Величествениот — турска историска телевизиска серија која прво се емитувла на турскиот канал Show TV, а потоа е префрлена на Star TV. Серијата се заснова на животот на Величествениот султан Сулејман (Сулејман I), Султанот со најдолго владеење и неговата сопруга Хурем која од робинка станала султанка и негова кралица.

Во Македонија, серија се прво емитувала на Канал 5 (2011-2014), а потоа на Телевизија Алфа (2022).https://www.tvpaket.com.mk/velicestveniot-reprizano-na-alfa-no-ovojpat-nesinhronizirana/ Гласови во македонска синхронизација: Владо Јовановски (Сулејман), Билјана Беличанец-Алексиќ (Хурем), Кирил Псалтиров, Марија Кондовска, Рубенс Муратовски (Ибрахим), Бедија Беговска, Трајанка Илиева, Гордана Ендровска (Нигар), Лазе Манасковски, Сашко Коцев, Сабина Ајрула-Тозија (Афифе), Анастас Тановски, Јордан Симонов, Изабела Новотни...https://www.youtube.com/watch?v=-q0nZrQCNMQ

Содржина На возраст од 26 години, кога започнува неговото владеење, Сулејман решава да изгради империја помоќна од онаа на Александар Велики и да ги направи Османлиите непобедливи. Во текот на неговото 46-годишно владеење, стекнал слава како најголем освојувач и владетел на Истокот и Западот.

Веста за наследувањето на престолот, Сулејман ја примил во 1520 година додека бил на лов. Тој не ни сонувал дека ќе стане еден од најголемите владетели во историјата. Оставајќи ги својата миленичка Махидевран и својот син Мустафа во Маниса, тој заедно со неговиот сопатник Ибрахим, тргнува кон Топкапи-сарај во Истанбул за да го преземе престолот.

Во меѓувреме, еден османлиски брод тргнува од Крим преку Црно Море да донесе робинки како подарок во Топкапи-сарај. Во тој брод се наоѓала и Александра Ла Роса, ќерка на украински православен свештеник. Оваа малада девојка која била грабната и продадена во Топкапи-сарај, подоцна станува Хурем Султан, венчана жена на Султан Сулејман и мајка на неговите Принцови, која заедно со својот сопруг ќе владее со царството и ќе биде сведок на многу крвопролевање и интриги.

Големата љубов на Сулејман кон Хурем ќе има голема цена. Тој ќе го погуби неговиот најблизок пријател и сопатник, Ибрахим-паша а потоа и неговиот син Принцот Мустафа. Играта за поголема моќ и власт, за Хурем ќе биде крвава и немилосрдна. Меѓутоа таа е подготвена и ќе прифати сè што ќе ја доведе до конечна победа.

Сезона 1 Ќерката на украинскиот свештеник Александра (подоцна Хурем Султан) е заробена од страна на татарите кои вршат напад во нејзиното село. За време на тој напад, нејзината мајка, нејзиниот татко и нејзината сестра се убиени, но нејзиниот вереник Лео преживува и бега (иако таа мисли дека и тој е убиен). Нејзината најдобра пријателка Марија (подоцна Ѓулнихал) е заробена во истиот брод.

Кога Александра пристигнува во сарајот на Величествениот Султан Сулејман, таа учи една лекција: Ако стане миленичка и роди машко дете ќе ја добие титулата Султанка и ќе може да владее со светот. Со цел да го привлече вниманието на Величествениот, кога тој поминува покрај робинките од харемот кои треба да се поклонат и да ја наведнат главата, таа го извикува неговото име а потоа се онесвестува во неговите раце. Следниот ден се организира забава каде што робинките танцуваат за Султанот и онаа девојка која ќе го привлече неговото внимание и го добие виолетовото марамче оди на халвет (средба) со него. Александра е таа која го маѓепсува Султанот и станува негова миленичка. Величествениот и дава ново име, Хурем. Потоа таа станува муслиманка.

Махидевран Султан, мајката на Принцот Мустафа, синот на Величествениот, станува опсесивно љубоморна на Хурем. Обвинувајќи ја Хурем за својот сопствен абортус, Махидевран ја претепува Хурем. Сулејман е тотално разочаран од Махидевран кога дознава што се случило.

За време на походот против Белград убиен е сопругот на Викторија кога тие двајца се обидуваа да избегаат. Викторија (подоцна Садика) оди во Истанбул со цел да се одмазди.

Хурем забременува со нејзиниот прв син, Принцот Мехмет. Еден ден, Величествениот ја повикува Хурем во нејзината одаја на вечера. Махидевран Султан наредува да се стави отров во благото кое треба да се послужи после вечерата. Хурем јаде од слатките и потоа почнува да и станува лошо. Величествениот веднаш повикува лекар и Хурем успева да се спаси, заедно со бебето. Гневот на Сулејман кон Махидевран уште повеќе се зголемува.

Хурем забременува со нејзината единствена ќерка, Михримах Султан. Една од миленичките на Величествениот, Ајше--хатун, ја навредува Хурем. Хурем полна со бес и се заканува дека ќе ја убие. Садика ја убива Ајше бидејќи Ајше имаше сомнежи дека Садика крие нешто, но бидејќи Хурем и се закануваше на Ајше дека ќе ја убие, сите мислат дека Хурем е таа која го сторила тоа. Сулејман ја протерува Хурем во Стариот сарај. Ибрахим и вели на Хурем дека таа може повторно да се врати назад во Топкапи-сарај но доколку се согласи да побара прошка од Махидевран. Хурем прво одбива, но потоа се согласува.

Хатиџе Султан (сестрата на Величествениот) се заљубува во Ибрахим-ага (најдобриот пријател на Величествениот и чувар на неговата одаја). Потоа Ибрахим станува Голем Везир на Османлиското Царство. Ибрахим-паша стапува во брак со Хатиџе Султан. Хурем раѓа уште едно машко дете, Принцот Селим. Потоа Сулејман оди на лов со Мустафа, Хурем и Мехмет но не и Махидевран. Хатиџе е бремена а во меѓувреме има јаничарски бунт и додека се обидува да се спаси, таа го губи своето бебе.

Лео, поранешниот вереник на Хурем, дознава каде е Хурем и станува кралски сликар со цел да биде поблиску до неа. Ибрахим-паша го открива нивното минато. Ибрахим ѝ вели на Хурем со сопствени раце да го отруе Лео или во спротивно ќе му раскаже се на Величествениот.

Сулејман е во градината на сарајот на Ибрахим и Хатиџе. Додека Сулејман ужива јадејќи грозје, Садика доаѓа со чаша шербет на послужавник под кого има скриен нож. Во меѓувреме, Хурем плаче давајќи му на Лео отровен локум. Садика го става ножот под гркланот на Сулејман.

Сезона 2 Пред Садика да го убие Сулејман, Сулејман успева да се спаси и наредува да ја фрлат во зандана. Потоа таа е убиена од страна на Насух-ефенди кој е прогласен за виновен бидејќи тој ја довел неа во сарајот на Величествениот и убиството на Садика е неговата казна. Хурем раѓа уште едно машко дете, принцот Бајазит.

Шпанската принцеза Изабела Фортуна и нејзината слугинка се киднапирани од страна на турските пирати но потоа се продадени на Величествениот. Принцезата и нејзината слугинка живеат во ловечкиот дом. Величествениот сака да ја искористи принцезата за политички цели. Изабела се обидува неколкупати да избега но не успева. Хурем е љубоморна и ѝ се заканува на принцезата. Хурем ѝ помага за да избега, но за тоа дознава Ибрахим-паша и планот на Хурем пропаѓа. Изабела се заљубува во Сулејман, доаѓа во харемот и станува негова миленичка. Хурем со помош на Нигар калфа и Ѓул-ага успева да се ослободи од неа.

Во меѓувреме, Бали-бег се заљубува во еврејката Армин. Нивната врска е против вољата на таткото на Армин и потоа таа го напушта градот. Кога се враќа, таа заболува од смртна болест. Бали-бег се венчава со неа и тие го добиваат благословот од таткото на Армин. Следниот ден Армин умира.

Хатиџе раѓа момче, но додека го дои таа случајно го загушува. Потоа го напушта својот стара и заминува во Одрин со цел да се опорави. Додека таа е таму, Ибрахим спие со Нигар калфа но потоа и наредува да замине во Топкапи-сарај. Ибрахим заминува на поход и Хатиџе ја повикува Нигар повторно да се врати во нејзиниот сарај. Кога Ибрахим ќе се врати, Нигар ќе се обиде да изврши самоубиство, но Ибрахим ја спасува.

Хатиџе повторно останува бремена. Махидевран и го дава дневникот на Величествената кој припаѓа на Лео, кој Ѓулшах го зема од дворот кога Хурем го фрла со цел да се ослободи од него. Величествената ја повикува Хурем во нејзината одаја но додека разговараат, Величествената се онесвестува. Хурем повикува помош и се обидува да го земе дневникот. Кога Даје--хатун го гледа тоа веднаш го зема пред Хурем тоа да го стори. Потоа Даје и го дава дневникот на Величествената и таа го користи него за да направи Хурем засекогаш да си замине од сарајот. Со цел да се спаси, Хурем и нуди имот на Даје што таа прво не го прифаќа но потоа одлучува да го прифати во замена за дневникот. Даје и го дава дневникот на Хурем. Кога Величествената оди во одајата на Хурем, Хурем со големо задоволство и пред нејзини очи го фрла дневникот во оган уништувајќи го единствениот доказ за поранешната врска помеѓу неа и Лео.

Хурем разговара со Сулејман и му вели дека не може да направи добротворна работа бидејќи таа е робинка. Сулејман ја ослободува и вечерта кога тој оди во нејзината одаја за да ја повика да спие со него, таа му вели дека не може да спие со него бидејќи е слободна жена и грев е ако таа спие со него без да бидат венчани. Сулејман дава наредба Хурем да го напушти сарајот и да оди во друг сарај. Една вечер, Величествената му наредува на Ибрахим да му направи стапица на Хурем со цел да ја убие но Бали-бег ја спасува. Сулејман ја враќа назад во Топкапи-сарај и потоа се венчава со неа.

После венчавката, Хурем и Сулејман одат во одајата кај Величествената со цел да ја соопштат убавата вест. Хурем оди да и бакни рака но таа одбива. Величествената го покажува своето незадоволство и се онесвестува во рацете на Сулејман. Махидевран е исто така шокирана од оваа вест.

За време на церемонијата, Ибрахим е погоден со отровна стрела. Хурем се плаши дека за тоа ќе ја обвинат неа бидејќи таа испрати човек со цел да го убие Ибрахим но во последен момент се откажа кога ја виде Хатиџе вознемирена. Напаѓачот кој стрелаше во Ибрахим е испратен од Бехрам Паша. Поради тоа што Ибрахим е отруен, Нигар, Насух-ефенди и Сумбуљ-ага го носат Ибрахим во една пештера со лековита вода. Хатиџе е многу загрижена затоа што мисли дека Ибрахим ќе умре.

Махидевран бесна оди до одајата на Сулејман и бара од стражарите да најават кај Величествениот дека е тука, но Сулејман одбива велејќи дека е зафатен. Таа ја бара нејзината слобода и сака преостанатиот живот да го помине како слободна жена, меѓутоа Сулејман одбива. Потоа таа му вели да ја испрати во прогонство заедно со нејзиниот син, а тој и одговара дека таа може да замине, но нејзиниот син останува во сарајот. Мустафа го убедува својот татко да ги испрати него и нејзината мајка во сарајот во Одрин.

По наредба на Величествената, во Топкапи-сарај доаѓа нејзината внука Ајбиге од Крим со цел да ја заштити од војната која во тој момент се случува таму. Таа ја држи Ајбиге понастрана од Хурем бидејќи мисли дека Хурем би можела лошо да влијае врз неа. Но Ајбиге е тврдоглава и одлучува да се дружи со жената која е позната насекаде низ светот. Ајбиге се заљубува во Бали-бег кој е задолжен за безбедноста на кралското семејство.

Ибрахим се заљубува во Нигар бидејќи таа цело време се грижеше за него со цел да го излекува. Хатиџе одлучува да ја омажи Нигар со Насух-ефенди. Нигар не е задоволна со оваа венчавка бидејќи таа е заљубена во Ибрахим-паша. На нејзината прва брачна ноќ, во нејзината одаја влегува Ибрахим-паша и таа е изненадена кога го гледа него. Ибрахим и раскажува дека тој имаше договр со Насух-ефенди и затоа од сега па натаму тој ќе биде заедно со неа. Нигар е среќна поради овој пресврт којшто се случи.

Во меѓувреме, Хатиџе раѓа близнаци, едно момче и едно девојче (Хуриџихан и Осман). Ибрахим е среќен но и изненаден кога ги гледа неговите две бебиња во неговите раце. Нигар не е задоволна од тоа.

Времето поминува и на возраст од 17 години, Мустафа се враќа во сарајот за да се види со својот татко пред да замине да управува со некоја област.