Ам Гросен Брух () — општина во округот Берде, во Саксонија-Анхалт, Германија. Таа е дел од заедницата на општини Вестлихе Берде.

thumb|left|Манастирска црква Свети Панкрас thumb|left|Детали на влезот на црквата

Географија

Општина се создала на 1 јули 2004 со спојување на селата Гунслебен, Хамерслебен, Нојдам и Нојвергерслебен. Името Гросес Брух означува „Големо мочуриште“, давајќи значење на мочуришната површина на поранешната ледничка долина, протегајќи се околу 45 километри од Ошерслебен и реката Боде на исток и до Хорнбург на запад.

Историја

Hamersleben бил првпат споменат во 1021 и во 1111 станал дом на авгунистинскиот манастир, кога Рајнхард, бискуп на Халберштат го основал кај Остервик три години порано. Двојниот манастир станал седиште на архиѓаконот во 1178. Се придружил на Конгрегацијаа од Виндесхајм во 1452. Во текот на реформацијата Хамерслебен бил уништен во текот на Германската селанска војна во 1525, повторно од трупите на тогашната лутеранска надбискупија Магдебург и повторно од силите на Шведската империја во текот на Триесетгодишната војна. И покрај тоа, опатијата останала римокатоличка сè до нејзиното распуштање во 1804. Црквата Свети Панкрас во католичкиот манастир е романска градба, која е позната по нејзините барокни оргули изградени во 1688. Денес, претставува станица на пејзажниот Пат на романиката.

Сообраќај

Ам Гросен Брух се наоѓа на сојузниот автопат 245, кој води од Халберштат до Халденслебен. Во Neuwegersleben автопатот 246 до Ванцлебен се раздвојува. Железничката линија од Ошерслебен до Јерксхајм во Долна Саксонија била затворена во 1992.

Наводи

Категорија:Берде Категорија:Саксонија (пруска покраина)