Брусник — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Потекло и значење на името
Името на селото првпат е споменато како Брусник, но и како Л’п’ја во турски документи од век (1468 г.). Името потекнува од зборот „брус“ што означува вид камен со кој се острат коси, српови и слично, како и додавката -ник со значење место каде што има брус. Како друга варијанта се наведува, хидронимиското име Брусник од придавската синтагма „Брусни (Поток)“ и додавката -ик, кое повторно има исто значење „поток каде што има брус, каде што се вади брус“.
Бидејќи селото поседува шест цркви, многумина го нарекуваат и „Битолска Света Гора“.
Топонимот Брусник често се среќава во словенската балканска топономастика. Со ова име се нарекуваат еден ненаселен остров во близина на Вис на Јадранското Море, едно село во Славонија, едно село во Источна Србија, неколку села во Босна. Покрај битолското и едно неготинско село, забележано во пописните дефтери од 1568-1569 го носело истото име.
Зборот брусник, инаку, го познаваат повеќето словенски јазици, и секаде определува две основни значења: вид специјален камен и вид плод. Каменот, познат и како брус и како брусница е рапав и се употребува како средство за точење (брусење). Меѓутоа, термините брусник и брусница подразбираат и Vaccinium vitis-idaea (црвена боровинка), Vaccinium myrtillus (црна боровинка). Современиот руски јазик, впрочем, и денес боровинката ја определува со терминот брусинка, а македонскиот со бруснак.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Поглед на селото Брусник и градот Битола
Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Битола, припаѓајќи на групата потпелистерски села на планината Баба. Брусник се наоѓа западно од градот Битола, на оддалеченост од околу четири километри, со што припаѓа на неговата рурбална зона. Селото е сместено од десната страна на реката Драгор. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 860 метри.
До селото води асфалтен пат, кој поминува низ битолската Брусничка Населба. Помеѓу селото и населбата во изминативе години се подигнати голем број на викендички.
Селото се наоѓа помеѓу падините на планината Баба на југ и пониското земјиште во Пелагонија на север. Поволни стопански одлики на повисокото земјиште е што на падините има шуми и пасишта, додека во низината се нивите. Селото изобилува со бунари, извори и чешми.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Драгор, Горни и Долни Ливади, Чифлик, Црвеник, Крсто, Грашиште, Пашини Ливади, Џаверица, Карамешица, Врапца, Забел, Падина, Крушје, Плоча, Голото, Пецоа Нива, Пештера, Присој, Под Јазот, Диовски Пат, Цилева Ливада и Езерчиња.
Селото има збиен тип и е поделено е на три маала, Долно, Горно и Сопо Маало. Маалата се незначително оддалечени едно од друго. Понатаму, истите се поделени на помали родовски групи на куќи.
Историја
мини|300п|десно|Жители од Брусник во почетокот на XX век мини|300п|десно|Панорама на селото Брусник (1923 г.)
Според народната традиција најпрво биле создадени соседните села Лавци и Дихово, а на земјиштето кое лежело меѓу нив предците на родовите Каранѓеловци и Палашовци го формирале денешното село Брусник. Меѓутоа, најстариот пишан помен за Брусник потекнува од втората половина на XV век каде се говори за преттурската населба Липа или Л’п’ја.
Северно од селото во средината на XIX век постоел мал чифлиг на некој силен бег, кој бил убиен, а чифлигарската земја станала селска.
За време на Првата светска војна Брусник бил запален. Тогаш, мештаните некое време живееле во градот Битола и во другите битолски села.
Најпознати и најголеми семејства од историски аспект кои постојат и до денес во Битола се: Гроздановци, Скерлевци, Кокаловци, Каранѓелевци, Идризовци, Маљаковци, Палашовци и Чавдаровци.
Брусник во Втората светска војна
Повеќето жители на селото Брусник активно учествувале во НОБ од 1941 година до крајот на војната. Осум жители на Брусник, како македонски партизани во Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, загинале во борбите против окупаторските војски.
600-годишнина
На прославата насловена „600-години (8-9 август 1992 година) од основањето на селото Брусник” кај Битола присуствувале тогашниот претседател на Република Македонија, г-дин Киро Глигоров и г. Петар, митрополит на Преспанско-битолската епархија на Македонска православна црква - Охридска архиепископија. Кларинетистот Тале Огненовски настапил со изведување на свои народни ора во придружба со културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Битола. Тој ги воодушевел сите присутни на оваа прослава со неговото фасцинантно свирење на кларинет. Оваа прослава ја снимала Македонската телевизија и била емитувана под наслов „СРЕД СЕЛО 600 години БРУСНИК“. Во селото се одржа Ликовна изложба на автори кои се жители на ова село - Панде Петровски, Цане Чавдаровски и Стево Тасевски. Книгата „Брусник: 600 години од основањето“, чиј автор е Александар Стерјовски, исто така била промовирана.
Стопанство
мини|300п|десно|Земјоделската задруга во Брусник
+ВидХектариПоединечниНиви185,180166,050Градини2,1131,992Овошни градини20,63420,438Лозја31,01830,771Ливади67,23764,885Пасишта294,4895,557Шуми245,4450,02Неплодно земјиште28,2127,149Вкупно874,328296,844
Атарот на селото зафаќа простор од 8,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 305,8 хектар, на пасиштата отпаѓаат 295,4 хектари, а на шумите 245,4 хектари.
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото работат продавници и угостителски објекти.
Население
мини|300п|десно|Прослава на празникот Водици во селото (1916 г.)
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брусник живееле 755 жители, сите Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 239.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Брусник се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак, еднаш со 116 куќи и повторно со 113 куќи.
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Брусник имало 964 Македонци, од кои 488 патријаршисти и 455 под врховенството на Бугарската егзархија. Во селото функционираат бугарско и грчко училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 800 Македонци.
Од Брусник се иселува значителен број на населението, поради што Брусник од големо преминало во мало село. Во 1961 година, селото броело 898 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 320 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 селото брои 241 жител, од кои 240 Македонци и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 190 жители, од кои 179 Македонци, 1 Србин, 1 останат и 9 лица без податоци.
Родови
Брусник е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото: Доселеници: Каранѓеловци (7 к.) и Пашаловци (6 к.), најстари родови во селото, доселени се како мечкари и ковачи однекаде, овде живеат од ХVIII век; Кукановци (15 к.), Корубовци (4 к.), Ѓошевци (14 к.), Шутаровци (9 к.), Ивановци (8 к.), Ѓорчевци (6 к.), Гроздановци (6 к.), Поповци (5 к.), Босилковци (5 к.), Торбовци (5 к.), Трапановци (5 к.), Скерлевци (2 к.), Станковци (13 к.), Петковци (9 к.), Чавдаровци (6 к.), Малаковци (6 к.), Тасевци (4 к.), Шеќеровци (4 к.), Момичаровци (2 к.), Метловци (2 к.), Жабовци (15 к.), Атанасковци (3 к.) и Коџоклари (4 к.), доселени се сите однекаде. Сите родови се доселени до крајот на XIX век.
Иселеништво
Постари иселеници има во селото Кравари, таму е родот Димоски (1 к.). Во поново време се иселиле родовите Тасеичини (2 к.), Трапановци (1 к.) и Чавдаровци, иселени се во Битола. Неколку семејства во Битола останале по палењето на селото во Првата светска војна.
Големи иселувања од Брусник се извршени во периодот помеѓу 1961 и 1971 година, кога заминале повеќе од 30 домаќинства. Иселеници после Втората светска војна има на многу места, пред сè Битола и Скопје, а особено во Австралија, САД, Канада и Европа. Се смета дека повеќе од 2.000 брусничани се иселиле во странство.
Општествени установи
мини|300п|десно|Руинираното основно училиште
Поранешно основно училиште Амбуланта Поранешна пошта Задружен дом
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Брусник било чисто македонско село во Битолската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Битола.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот од 1957 до 1965 година, селото најпрвин било дел од тогашната општина Дихово, но подоцна било припоено кон Општина Битола. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото било во рамките на тогашната општина Дихово.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Дихово, во која покрај селото Брусник се наоѓале селата Братин Дол, Дихово, Лавци, Магарево, Нижеполе, Снегово и Трново. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Лавци, во која влегувале селата Брусник и Лавци.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0127 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 201 гласач. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 202 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Димитриј“ мини|300п|десно|Црквата „Вознесение Христово“
Археолошки наоѓалишта Св. Петка — црква и некропола од средниот век; Илкова Чешма — населба од римско време; и Св. Димитрија — црква и некропола од средниот век.
Цркви Црква „Св. Димитриј“ — главната селска црква. Била изградена во времето на Првата светска војна, а обновена во 1930 година; Црква „Вознесение Христово“ — селска црква; Црква „Св. Ѓорѓи“ — селска црква; Црква „Св. Петка“ — манастирска црква; и Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — мала селска црква.
Параклиси Параклис „Св. Недела“ — параклис во близина на црквата „Вознесение Христово“; и Параклис „Св. Никола“ — параклис под селото.
Споменици Споменик во чест на НОБ Биста во чест на Васко Карангелески
Реки Брусничка Река — река низ селото
Редовни настани
Слави Свети Пантелејмон — селска слава
Личности
Родени во или по потекло од Брусник;
Тале Огненовски (1922-2012) – кларинетист, композитор, партизан и учесник во НОБ Јован Кокаловски (р. 1921) - македонски поет, новинар и публицист; Бошко Станковски (1925-1987) - партизан и учесник во НОБ, од 1941 година, носител на Партизанска споменица 1941, македонски политичар, претседател на Собранието на СРМ; Васил (1858-1911), Петре (1856-1929) и Ангел (1864-1919) Вељанов Ивановски - борци за црковна независност и локални раководители на комитот на ВМРО;Илюстрация Илинден, 1943, бр.144, стр. 8 Васко Карангелевски (1921 - 1977) - партизан и учесник во НОБ, од 1941 година, народен херој на Југославија, носител на Партизанска споменица 1941, генерал на ЈНА; Цане Скерлевски (1925-2002) - партизан и учесник во НОБ од 1942 година, пратеник во Собранието на СР Македонија, просветен деец, воен хроничар; Никола Алабаков (Ник Алабак, 1878-1935) - деец на македонската емиграција во Северна Америка;