Киро Нацев – Фетак (Куманово, 1918 - Прилеп, 21 декември 1942) — македонски комунист, учесник во НОВ. По војната е прогласен за народен херој.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1030 стр.
Животопис thumb|left|Киро Нацев Киро Нацев е роден во работничко семејство во Куманово. Гимназија не можел да ја заврши, поради немање доволно пари за школување, па татко му го пратил да учи занает.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 277 Член на СКОЈ е од 1934 година, а на КПЈ од 1936 година. Како шивач, активно работел во УРС-овите синдикати и во работничкото друштво „Абрашевиќ“. Во 1936 година, кога бил примен во партијата, бил уапсен и минал повеќе месеци под полициска истрага. Но полицијата не можела ништо да дознае од него. Поради немање работа заминал за Ниш. Во 1939 година добил покана за војска, и заминал на отслужување. Капитулацијата на Југославија го дочекала додека бил војник.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 279
Учеството во Народноослободителната војна По Априлската војна се наошол во германско заробеништво откаде се вратил во септември 1941 година. Активно работел на формирање на првите партизански единици. на 11 октомври 1941 година, во Куманово група борци тргнале кон Козјак. Партијата му ја довери должноста политички комесар на Козјачкиот партизански одред, во кој меѓу другите борци бил и Карпош. Кога одредот претрпел пораз, Киро Нацев со група другари успеал да се пробие до Куманово, а оттаму заминува во Скопје како партиски инструктор. Како инструктор на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, ги обиколил партизанските организации, и подготвувал терен за формирање на нови партизански единици.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 280 Од февруари 1942 година работел како инструктор на ПК КПЈ за Македонија во Прилепско и на теренот на Крушево.
Заробеништво и смрт мини|десно|Споменик во Прилепец посветен на деветтемина борци од партизанскиот одред „Ѓорче Петров“ кои на 19 декември 1942 година откако беа предадени загинаа во борба против бугарската војска и полиција
Кај манастирот Прилепец, по повеќечасовна борба на партизанскиот одред „Ѓорче Петров“ Киро бил тешко ранет и заробен од бугарските полицајци, а потоа е ѕверски мачен. Убиен е во касарната во Прилеп есента 1942 година.
За народен херој бил прогласен на 20 декември 1951 година.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 281
Во негова чест е наречена една улица во општина Кисела Вода, и фабрика во Куманово.
Поврзано
Гена Здравковска
Наводи
Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Народни херои на Југославија Категорија:Луѓе од Куманово Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна