Ниндорф (; службено Хамбург-Ниндорф) — еден од 105. квартови на Хамбург, Германија во округот Ајмсбител.
Географија
Според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот има вкупна површина од 12,7².
Демографија
Во 2006, во квартот Ниндорф живееле 39.690 луѓе. 15,2% биле деца под 18 години, а 24,8% имале 65 или повеќе години. 6,9% биле странци. 1.140 биле регистрирани како невработениСлужба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006).
Во 1999, имало 20.092 домаќинства и 40,5% од сите домаќинства биле составени од поединци.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
Образование
Постојат 5 основни и 4 средни училишта во Ниндорф, вклучувајќи ја и гимназијата Охмор.
Инфраструктура
Здравствен систем
Во 2006, имало 71 лекар во приватни ординации и 10 аптеки.
Сообраќај
Јавниот превоз е обезбеден од Hamburger Verkehrsverbund со неколку станици на подземната железница и автобуски линии. Железничката станица Ниндорф-Север е терминал за линијата У2.
Сојузниот автопат 447 поминува низ квартот, поврзувајќи ги B5 со А7. Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во Ниндорф биле регистрирани 18.046 приватни возила (454 возила на 1.000 луѓе).Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Наводи
Надворешни врски
Гимназија Ohmoor, службена страница Tibarg, службена страница Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница
Категорија:Четрти во Хамбург