Викторија Лоба (, р. , во Таганрог) — македонска пејачка.
Животопис Викторија Лоба е родена во Таганрог, Ростовска област, Русија на 17 октомври 1988 година. Подоцна, на свои 8 години, со семејството се преселува во Скопје. Таа е присутна на музичка сцена и ТВ станиците во Македонија уште од најмалата возраст. Во музичките води влегува во 2003 година кога ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во дует со Марија Арсовска и песната „Ти не ме познаваш“ каде се пласираа на 12. место.
Во 2004 година, таа освои 1 награда, и беше наградена со Златна диплома за естраден пејач во сениорската група на Меѓународниот фестивал „Роза на ветрови“ (Роза Ветров), кој се одржа во Москва.
Од 2008 до 2010 Викторија беше фронтмен и пејач на македонската група „Тумбао салса бенд“, која свири бразилска, португалска и кубанската музика, и во исто време таа беше постојано присутна на телевизиските екрани со музичкото шоу "Котон клуб" на Алфа телевизија како член на „Тумбао салса бенд“.
Во 2010 година Викторија го завршува Државно музичко училиште (ДМБУЦ) „Иљја Николовски Луј“ во Скопје, Македонија, насока - соло пеење.
Во 2010 година, најпозната манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, ја наградува Викторија Лоба со „Откритие на годината“. Две години по ред, во 2011 и 2012 година, таа настапуваше на летниот фестивал „Љубовта и среќата“ во Охрид, Македонија, како специјален гостин заедно со Tom Boxer & Morena.
Во 2011 година, на Меѓународниот фестивал во Македонија „Охрид Фест“ ја освои 2-та награда во поп вечерта, и 3-та награда во интернационалната вечер, со песната „Девет работи“. Таа и Роберт Билбилов биле дел од видео натпреварот OGAE 2012 со песната „Ти си виновна“, и го освоиле 11-тото место.
Викторија Лоба со официјалната песна „Почувствувај го ритамот“ отвори еден од најпрестижните македонски музички фестивали на модерната поп - рок-музика Макфест 2012. Оваа песна беше официјална химна на фестивалот таа година. Во 2013 година, со својот хит „Summer Love“ таа се искачи на првото место на холандската топ листа за млади таленти од Европа, Spinnin' Records, и остана на таа позиција долго време.
Во 2014 година, на меѓународниот фестивал во Македонија „Макфест“, Викторија ја освои наградата за најдобар настап со песната „Само мој“.
Таа се натпреварувала на Скопје Фест 2014 кој беше избор за песна што ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2015, со песната „Една единствена“, и завршила на седмото место.
Викторија има искуство и како глумица. Во 2007 година таа ја играше главната улога во драмата „Лолита“ од Владимир Набоков, во драмскиот театар во Скопје.
Исто така, таа често се појавува во телевизиски реклами, како што се ТВ реклама за претпријатието „ОНЕ телекомуникации“ и за претпријатието за минерална вода „Пелистерка“. Исто така, таа учествуваше во кампања организирана од страна на Владата за превенција од злоупотреба на дрога.
Спотови Спот Година Режисер Врати се 2008 Фабрика Слобода 2011 Андреј Ти си виновна 2011 Alexander Опиум 2015 “Exit B“ продукција Киша и сунце 2016 Миодраг Маркович Дојди 2017 Мелем продукција Херој 2018 Даниел Јовески Каде сме ние 2018 Даниел Јовески Над небото 2018 Дарко Митев-АРГОНА Воздишка 2019 Дарко Митев-АРГОНА Бумеранг 2024 Дарко Митев-АРГОНА
Наводи
Надворешни врски
Интервјуа Интервју со Викторија Лоба - Попара (2011) Викторија Лоба: Од 'машкуданка' станав егзотична дама - Точка (5 август 2011) Сјајната руска ѕвезда на македонската сцена - Руска реч (март 2013) Видеа https://www.youtube.com/watch?v=I4llLUO9uiA https://www.youtube.com/watch?v=uvH6_u1QVvM http://www.youtube.com/watch?v=HdAzcMMhOYE http://www.youtube.com/watch?v=QMczNJgeAYE http://www.youtube.com/watch?v=326OI-m1S_g http://www.youtube.com/watch?v=K8AucmUOHvc Ништо или сè - со Димитар Андонов (YouTube)
Музичко Портфолио Информации за музичкото портфолио на Викторија Лоба може да најдете на ВБУ Музички Регистар.
Категорија:Македонски пејачи Категорија:Македонски поп-пејачи Категорија:Учесници на Детскиот избор за песна на Евровизија Категорија:Луѓе од Таганрог Категорија:Живи луѓе