Трајко Огненовски (роден на година во село ) ― македонски фолклорист, етнолог и јазичар. Основно и средно образование завршил во своето родно место и Битола. Во 1969 година, тој дипломирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата Историја на книжевностите на југословенските народи со Македонски јазик. Последипломските студии тој ги завршил во 1978 година на отсекот на книжевните науки на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Белград. Има објавено повеќе од 150 научни трудови од областа на македонската книжевна и културна историја, фолклористиката, етнологијата и лингвистиката. Посебна научно занимање му е истражувањето и проучувањето на хуморот во македонскиот фолклор. Работел како професор на Педагошкиот факултет во Битола.Светите браќа Кирил и Методиј - Трајко Огненовски, Битола 1996 Наводи
Категорија:Луѓе од Утово Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски фолклористи Категорија:Македонски етнолози Категорија:Македонски јазичари Категорија:Југословенски фолклористи Категорија:Југословенски етнолози Категорија:Југословенски јазичари Категорија:Професори на УКЛО Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Магистри на Белградскиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје