Мансфелд () — град во округот Мансфелд-Зидхарц, во Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на реката Випер, 10 километри северозападно од Ајслебен.

Протестанстскиот пионир Мартин Лутер растел во Мансфелд и во 1990-тите Мансфелд станал еден од означените шеснаесетте места како „Лутерштат“ поради оваа причина.

Историја

Мансфелд ги добил градските права во 1400 и растел заедно со развојот на рударството на бакарот и среброто, активности во кои Ханс Лудер, таткото на Мартин Лутер, бил вработен на висока позиција. Самиот Лутер го посетувал локалното училиште помеѓу 1488 и 1496, иако зградата позната како „Училиште Лутер“ била уништена и повторно изградена во 2000 поради структурни проблеми.

Наводи

Категорија:Мансфелд-Зидхарц Категорија:Мартин Лутер Категорија:Градови во Харц