Ѓавато (познато и како Ѓавото) — село во Општина Битола, во областа Цапарско Поле, во околината на градот Битола.

Потекло и значење на името

Името на селото првпат е забележано во документи од век. Низ годините се споменува под слични варијанти. Името е добиено од именка од грчко потекло со значење „премин“ (премин преку планина) или во врска со средновековни давачки.

Всушност, може да се каже дека името претставува примарно топографско име. Тоа е добиено по пат на топонимизацијата на апелативот ѓавато („премин преку планина“). Во непосредна близина на селото се наоѓа планинскиот превој Ѓавато на 1.269 метри надморска височина.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Поглед на дел од селото мини|300п|деснок|Поток Шупур кај месноста Аламаљца во пролет

Селото се наоѓа во областа Цапарско Поле, во западниот дел од Општина Битола, во близина на истоимениот превој, каде што атарот се допира со подрачјето на Општина Ресен. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 850 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено околу 21 километар и се наоѓа недалеку до патот Битола-Ресен.

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2347, кој пак започнува од магистралниот пат А3 кај селото Кажани.

Ѓавато некогаш било големо и познато село кај истоимениот превој, во близина на патот Битола-Охрид. Најблиски околни села се Доленци и Кажани. Во минатото, водата за пиење се добивала од чешми и од бунари. Најмалку вода поседува маалото Савје (во средишниот дел на селото), каде се наоѓаат училиштето, задружниот дом и продавницата.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Дервен, Шумјак, Чинов Рид, Бела Вода, Муџеа Чешма, Манејчино Гробче, Извор, Вртушка, Куцоо, Сулејманов Камен, Киска, Дојчиноец, Каланџик, Стенчиња, Вакавска Ливада, Сува Леска, Студена Чешма, Долишта, Слогои, Ѓироец, Злидол, Синалка, Кекинца, Мечидол, Јазаишта, Маглен, Попов Кладенец, Петкаџик, Ракида, Кленики, Гаџојла, Под Црква, Намазан, Причек, Солиште и Кале.

Селото има разбиен тип, чии куќи се групирани во девет маала меѓусебно оддалечени од 500 до 1000 метри. Маалата се наречени (почнувајќи од југ): Пејновско (Пејчинова), Савја (Савева), Думва или Топија (Топева), Брајчево (Брајчева), Тумтја, Ѓилишовско (Ѓимишова), Митровско (Митрова), Маџаровско (Маџарова) и Матрак.

Селото се наоѓа во подножјето на планината Бигла. Сртот на планината и превојот Ѓавато претставуваат природна вододелница помеѓу Јадранскиот и Егејскиот речен слив.

Многубројните потоци и мали реки како притоки на Шемница главно пресушуваат во текот на втората половина на јуни, поради што во летните месеци селото има недостиг на вода.

Историја

мини|300п|десно|Превојот Ѓавато, просторот каде некогаш се наоѓало селото мини|300п|десно|Поглед на маалото Савева мини|300п|десно|Поглед на Гулабовско Маало и селото Доленци во позадина мини|300п|десно|Поглед од село Кажани кон Ѓавато

Први пишани документи во кои се споменува Ѓавато е од првата половина на век, кога неговите мештани биле дервенџии. Овие документи биле османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Манастир (Битола) од 1611-1612 година со 60 домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 181.

Во 1639 година во Ѓавато имало буна против Османлиската власт. Непосреден повод за нејзиното избувнување било апсењето на ајдутинот Белче. Селаните се спротивставиле. Спомнати во предводувањето на буната се Митре, Никола, Илија и Голе. Започнала борба во која Турците имале пушки и сабји, а селаните вили и стапови. Неколку селани загинале, Белче бил убиен, по што Турците му ја отсекле главата и му ја однеле на кадијата како доказ дека бил ликвидиран.

Во средината на век, селото го споменува Евлија Челебија како христијанско. До средината на век, на превојот Ѓавато (1.179 м.) и во непосредната околина се наоѓале седум мали словенски села — Ѓавато, Извор, Дреноец, Сува Леска, Утојца, Илино и Старо Село (старото Кажани). Меѓутоа, сите тие села, како што се пренесува биле уништени од албанскиот башибозук околу 1860-тите. Затоа, мештаните на тие села го основале денешното Ѓавато 3 километри североисточно од истоимениот превој. Претходно, на местото на денешното село се наоѓале кошари.

На местата каде се наоѓале овие мали села се наоѓаат остатоци од ѕидови на куќи, напуштени ниви обраснати со шума и гробови. Најмногу старини се наоѓаат на селиштето Ѓавато, кое било на самиот превој од западната страна. Тоа селиште е познато и под името Дервен, каде се наоѓале рушевините од црквата „Успение на Пресвета Богородица“, која денес е обновена, две чешми, гробишта и ѕидови од куќи. До крајот на отоманскиот период, на Дервен се наоѓала турска кула, додека во српско време постоела жандермериска станица.

Покрај, црквата на самиот превој, во југоисточниот дел на денешното село се наоѓа главната селска црква „Пресвета Богородица“ подигната во втората половина на век.

Ѓорѓи Сугарев бил активен како војвода во Ѓавато пред и за време на Илинденското востание. Таму тој се претворил во легенда за време на битката кај село Ѓавато, каде што со својата храброст и себеодрекување тој на востанатиот народ му дал пример како се војува за својата земја.

Селото многу настрадало за време на востанието, кога Турците и Албанците ги запалиле сите куќи, а народот избегал во шумата.

За време на Кралството Југославија, во селото учителствувал Тодор Ангелевски од селото Лавци, кого селаните популарно го викале Тошо Даскало. Ангелевски заедно со Трајан Белев ги саботирале општинските избори во 1937 година бидејќи власта сакала да подметне свој кандидат при што ги искинале гласачките списоци на гласачкото место. Набргу потоа, биле приведени и со синџири биле спроведени пеш до Битола, каде биле условно казнети. Трајан Белев и Тошо Даскалот во 1938 година основале набавно-продајна задруга, а во март 1940 година основале и партиска ќелија на КПЈ во Ѓавато.

Следната година, во март 1941 година, во селото била основана првата група на Сојузот на комунистичката младина на Југославија.

Кога започнала Втората светска војна, поранешната југословенска армија по патот за Битола направила препреки од балвани и камења на секои 200 метри, кој бил чуван од еден зајакнат баталјон. Сепак, германските тенкови на 9 април 1941 година лесно ги поминале препреките и во борбата убиле 50-60 војници. По оваа кратка борба останале многу воени материјали, оружје и муниција, кои биле прибрани и сокриени од страна на партиската ќелија.

На 28 август 1941 година, окупаторската власт го донела владиката Борис Симонов Неврокопски, родум од Ѓавато, да одржи говор во селската црква, во која го напаѓал комунизмот, Советскиот Сојуз и народноослободителната војска. За време на говорот, младите комунисти и симпатизери од Ѓавато на чело со Јонче Мурџевски демонстративно ја напуштиле црквата.

Следната година, на 12 март во селото било основано читалиштето „Гоце Делчев“ од страна на членовите на КПЈ и СКОЈ, но бил вклучен и кметот на селото со цел да се залаже власта. Истиот месец, во селото биле организирани протести поради недостигот од прехранбени производи.

На 18 август 1942 година, дел од селаните учествувале во нападот на полицискиот подучасток во соседното село Кажани.

Во август 1944 година, во месноста Шабанови Ливади бил одржан голем народен собир при што бил основан народноослободителен одбор со седиште во Ѓавато.

Вкупно 13 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна и во него постои споменик за НОБ.

Стопанство

мини|300п|десно|Земјоделец во Ѓавато.

Атарот на селото е голем и зафаќа површина од 22,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.608,6 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 340,8 хектари, а на пасиштата 185,5 хектари.

Селото има полјоделско-шумарска функција.

За време на отоманскиот период, во селото немало чифлици и селаните имале малку своја планинска земја. Средствата за живот ги обезбедувале одејќи на печалба. Оделе да работат во Турција, Романија, Северна Америка и Австралија, додека некои од селаните препродавале ќумур, риба, јаболка и грозје.

По крајот на отоманската власт, мештаните купиле многу земја од иселените Албанци во околните села — Доленци, Лера и Кажани. Месноста Алилојца го носи името на сопственикот Албанец од Доленци.

По Втората светска војна, многумина од машкото население работеле како општи работници.

Во поново време, во селото најзастапено е градинарството, додека во помал дел овоштарството и сточарството, како и живинарството. Интересно е да се напомене дека посебно во текот на пролетните, летните и есенските месеци добрите климатски услови во село Ѓавато овозможуваат развој на пчеларството и билкарството, односно собирањето на лековити билки и растенија, чај, шумски и други споредни производи.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ѓавато имало 1.500 жители, сите Македонци христијани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Ѓавато се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 240 куќи.

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ѓавато имало 1.800 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.300 Македонци.

Од ова село се иселил мошне голем број од населението и тоа преминало од големо во мало село. Така, во 1961 година селото броело 1.116 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 162 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Ѓавато имало 122 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 35 жители, од кои 34 Македонци и 1 останат.

Родови

Ѓавато е македонско православно село. Родовите во селото се староседелски, кои живееле во околните раселени села кои постоеле во атарот на селото Ѓавато.

Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1957 година, родови во селото: Савја (50 к.), Пејчиновци (35 к.), Брајчевци (35 к.), Матраковци (28 к.), Тумтја (26 к.), Думва или Топија (22 к.), Маџаровци (17 к.), Ќилишовци (16 к.) и Митровци (18 к.). Сите овие родови се доселени од околните села кои постоеле во атарот на селото Ѓавато. За родот Брајчевци се претпоставува дека уште подалечно потекло имаат од селото Брајчино, Преспа.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од 1951 година, родови во селото се: