Грофовијата Штолберг-Росла () било грофовија на Светото Римско Царство. Престолнината била во Росла, сега во Саксонија-Анхалт, Германија.
Штолберг-Росла се издвоила како дел од Штолберг-Штолберг во 1706. Била приморана да прифати патронство на Електорат Саксонија во 1738. Штолберг-Росла било припоено кон Саксонија во 1803, но преминала кон Кралство Прусија во 1815. Иако територијата понатаму била администрирана во рамките на Провинција Саксонија, грофовите ги задржале своите поседи до 1945. Во 1893, тие станале Принцови на Штолберг-Росла.
Поврзано
Династија Штолберг
Наводи
Категорија:Историја на Саксонија-Анхалт Категорија:Поранешни држави и територии во Саксонија-Анхалт