Михаел Шумахер (; роден на 3 јануари 1969) — е пензиониран германски Формула Еден кој настапувал за тимовите на Џордан Град При, Бенетон и Ферари, каде што го поминал најголемиот дел од својата кариера, како и во Мерцедес Бенз на крајот на својата кариера. Познат по единаесет годишниот успех со Ферари, Шумахер е единаесет кратен Светски Шампион и е нашироко почитуван како еден од најдобрите Ф1 возачи на сите времиња. Тој држи многу од возачките рекорди на формула, како што се рекорди за најмногу првенства, тркачки победи, најбрзи кругови, пол позиции, бодови освоени и најмногу победи во една сезона – 13 во 2004. Во 2002 тој станал единствениот возач во историјата на Формула еден кој завршил во првите три места во секоја трка од сезоната и потоа го срушил рекордот за најмногу последователни завршувања на подиумот. Според официјалното мрежно место на Формула Еден тој е “статистички најдобриот возач кој спортот некогаш го видел“.
Откако започна да вози картинг, Шумахер ги освоил германските првенства во возење во Формула Куниг и Формула Три пред да им се придружил на Мерцедес во Светското првенство во спортски автомобилизам. После една трка спонзорирана од Мерцедес, за Формула Еден тимот на Џордан, Шумахер потпишал како возач за Формула Еден тимот Бенетон во 1991 година. По освојувањето на последователните првенства со Бенетон во сезоната 1994/5, во 1996 година Шумахер се префрлил во тимот на Ферари и со нив освоил нови пет последователни титули од 2000 до 2004 година. Шумахер се пензионирал од возење во Формула Еден во 2006 година, останувајќи во Ферари како советник. Тој се согласил привремено да се врати во Ферари во 2009 година, како замена за тешко повредениот Фелипе Маса, но бил спречен во тоа поради повреда на вратот. Подоцна тој потпишал 3-годишен договор да вози за новиот Мерцедес ГП тим почнувајќи од 2010 година.
Неговата кариера не е без контроверзии, вклучувајќи ги и двата инциденти кога бил инволвиран во судири во последната трка од сезоната која го одредило исходот од светското првенство, со Дејмон Хил во Аделаида во 1994 година и со Жак Виленув во Херез во 1997 година.
Надвор од стазите, Шумахер е амбасадор на УНЕСКО и говорник за безбедноста на возачите. Тој е инволвиран во бројни хуманитарни акции низ целиот негов живот и има донирано десеттици милиони долари во хуманитарни цели. Михаил и неговиот помлад брат Ралф Шумахер се единствените браќа кои победиле на трки во Формула Еден, и тие биле првите браќа кои завршиле на прво и второ место во иста трка, во Монтреал 2001 година, и уште еднаш на истото место (но во обратен редослед) во 2003 година.
Животопис Шумахер е роден во Хурт, Северна Рајна – Вестфалија, Западна Германија, од татко Ролф Шумахер, ѕидар, и неговата жена Елизабет. Кога Шумахер имал 4 години, неговиот татко го модифицирал неговиот квадрицикл додавајќи мал мотор. Кога Шумахер удрил во столб во Керпен, неговите родители го однеле на стаза за картинг во Керпен-Хорем, каде тој станал најмладиот член на картинг клубот. Неговиот татко набрзо му изградил картинг од отфрлени делови и на шестгодишна возраст Шумахер го освоил своето прво клупско првенство. За да го поддржува тркањето на синот, Ролф Шумахер започнал со втора работа изнајмувајќи и поправајќи картинзи, додека неговата жена работела во мензата во тркачката стаза. Без разлика, кога на Шумахер му требало нов мотор кој чинел 800 марки, неговите родители не можеле да си го дозволат, но Шумахер продолжил да се трка со поддршка на локалните стопанственици.
Законите во Германија барале возачот да има најмалку 14 години за да може да добие дозвола за картинг. За да го заобиколи ова, Шумахер добил дозвола во Луксембург на 12 годишна возраст.
Во 1983 година, Шумахер ја добил својата германска дозвола, година откако го освоил Германското јуниорско првенство во картинг. Од 1984 па натака, Шумахер освојува многу германски и европски картинг првенства. Во 1985 година тој му се приклучил на Адолф Нојберт, Еурокарт трговец, а веќе во 1987 тој станува германски и европски шампион во картинг, по што тој го напушта училиштето и започнува да работи како механичар. Во 1988 го направил својот прв чекор во трките со едноседишни коли, тркајќи се во германските Формула Форд и Формула Конинг серии, освојувајќи ја втората.
Во 1989 година, Шумахер потпишал за Вили Веберовиот WTS Formula Three тим. Спонзориран од Вебер, тој се натпреварувал во Германските Формула 3 серии, освојувајќи титула во 1990 година. Тој победил и во „Макао Гранд При“. На крајот на 1990 година, заедно со неговите соперници од „Формула 3“, Хајнц-Харалд Френцен и Карл Вендлингер, Шумахер се придружил на „Мерцедес јуниор“ во Светскиот спортски-прототип првенство. Ова било невообичаено за млад возач: повеќето од неговите сотркачи се натпреварувале во „Формула 3000“ на нивниот пат до Формула 1. Меѓутоа, Вебер го советувал Шумахер дека експозитурата пред професионалните новинарски конференции и возењето моќни коли на долгометражни трки ќе му помогне во кариерата. На Светското првенство во спортски автомобилизам во 1990 година, Шумахер победил во финалето на сезоната во „Autódromo Hermanos Rodríguez“, возејќи во Заубер-Мерцедес Ц11, и завршил четврти во првенството, иако возел само во 3 од 9 трки. Со тимот продолжил во Светското првенство во спортски автомобилизам во 1991 година, победувајќи повторно во последната трка во сезоната во „Аутополис“ во Јапонија, возејќи Заубер-Мерцедес-Бенз Ц291, завршувајќи на деветтото место во првенството. Исто така, тој се натпреварувал и на трката во Ле Ман, завршувајќи петти во автомобилот кој го делел со Карл Вендлингер и Фриц Кројцпоинтнер. Во 1991 година, Шумахер се натпреварувал во една трка во Јапонското првенство на „Формула 3000“, завршувајќи втор.
Михаел Шумахер има син, Мик, кој исто како татко му, започнал да се занимава со автомобилизам: во 2015 година, Мик потпишал договор со холандскиот тим „Ван Амерсфорт рејсинг“ за да вози во натпреварите на „Формула 4“.„Луѓе“, Утрински весник, година XVI, број 4725, четврток, 5 март 2015, стр. 24.
Кариерата во Формула 1
Шумахер бил познат во текот на неговата кариера по неговата способност да обезбеди брзи кругови во клучните моменти во трката, да ја турка неговата кола до самиот лимит во подолги периоди. Кристофер Хилтон, мотор спорт автор, забележал во 2003 година дека “ Мерило за способностите на возачот е неговата изведба во влажни трки, затоа што е потребна најделикатна контрола и осет на колата“, и потенцира дека како и другите големи возачи, статистиките за Шумахер во влажни услови покажувале многу малку грешки сè до крајот на сезоната во 2003 година. Некои од неговите најдобри изведби се случиле токму во такви услови, донесувајќи му го прекарот "Regenkönig" (крал на дождот) или "Regenmeister" (господар на дождот), дури и во странските медиуми. Познат е и како „Црвениот Барот“ поради неговиот црвен Ферари како во спомен на Манфред фон Рихтофен, познатиот летечки првак од Првата светска војна. Прекарите на Шумахер ги вклучувале и Шуми, Шуи и Шу. На Шумахер често му се припишувала и популаризацијата на Формула Еден во Германија, каде порано било сметано како кревок спорт. Кога Шумахер се пензионирал во 2006 година, тројца од најдобрите десет возачи биле Германци, повеќе отколку која било друга нација некогаш имала и повеќе од кога и да било во историјата на Формула Еден. Помладите германски возачи, како Себастијан Фетел, чувствувал дека Шумахер е клучот за нивното определба во Формула Еден возачи. Во подоцнежниот период од неговата Формула Еден кариера, како еден од сениорските возачи, Шумахер бил претседател на Асоцијацијата на Гранд При Возачи. Во истражувањето на ФИА од 2006, Михаел Шумахер бил изгласан од навивачите на Формула Еден за најпопуларниот возач во сезоната.
Дебито во Џордан
Шумахер го имал своето деби во Формула Еден со тимот Џордан-Форд на Белгискиот Гранд При во 1991 година, возејќи ја колата со број 32 како замена за притворениот Бертранд Гашо. Шумахер, сè уште под договор со Мерцедес, бил регрутиран од Еди Џордан откако Мерцедес му платил на Јордан $150.000 за неговото деби. Една неделата пред трката, Шумахер го импресирал дизајнерот на Џордан, Гери Андерсон и тимскиот менаџер, Тревор Фостер за време на тест возењето пред спектакалот. Неговиот менаџер Вили Вебер го осигурал Џордан дека Шумахер добро ја знаел предизвикувачката стаза Спа , иако всушност тој ја имал само видено како спектатор. За време на тркачкиот викенд, сотимецот Андреа де-Цесарис требало да му ја покаже на Шумахер стазата, но бил задржан поради преговори околу договорот. Шумахер сам ја научил стазата, кружејќи околу неа на велосипед на склопување, кој го донел со него. Тој го имресионирал пит боксот квалификувајќи се на седмото место во трката. Со тоа ја достигнал најдобрата почетна позиција и го надквалификувал 11-годишниот ветеран де Цезарис. Моторспорт новинарот Џо Савард напишал дека после квалификувањето “групи германски новинари зборувале за ‘најдобриот талент после Стефан Белоф‘“. Шумахер се повлекол после првиот круг во трката поради проблеми со квачилото.
Бенетон
После дебито, и покрај тоа што Џордан имале со Мерцедес договор во принцип со менаџментот на Шумахеровиот Мерцедес за до крајот на сезоната, Шумахер бил регрутиран од Бенетон-Форд за следната трка. Џордан аплицирале за налог до судовите на Обединетото Кралство да го спречат Шумахер да вози за Бенетот, но го изгубиле случајот бидејќи сè уште немале потпишано договор. Шумахер ја завршил сезоната во 1991 година со четири бода од шест трки. Најдоброто место кое го освоил било петти во неговата втора трка, Италијанскиот Гранд При, во кој тој заврши пред неговиот сотимец и трикратен Светски Шампион Нелсон Пике.
На почетокот на сезоната 1992 тимот на Заубер, планирајќи го нивното деби во Формула Еден откако Мерцедес се повлекол за следната година, се повикал на клаузулата во договорот на Шумахер во која пишувало дека доколку Мерцедес влезе во Формула еден, Шумахер ќе вози за нив. Евентуално, било договорено Шумахер да остане во Бенетон. Питер Заубер рекол „(Шумахер) не сакаше да вози за нас. Зошто би го присилил?“. Годината доминирале Вилијамс со Нигел Мансел и Рикардо Патрис, карактеризирајќи се со моќни мотори на Рено, полуавтоматски менувачи на брзини и активна амортизери за контрола на висината на возењето на колата. Во „конвенционалниот“ Бенетон Б192 Шумахер го освоил своето место на подиумот за првпат, завршувајќи трет во Мексиканскиот Гранд При. Продолжил со првата победа во Белгискиот Гранд При, на водената трка во Спа-Францоршампс стазата, која до 2003 година тој ќе ја нарекувал “ далеку мојата омилена стаза“. Заврши трет на Возачкото првенство во 1992 со 53 бода, три бода помалку од второрангираниот Патрис.
Тимот на Вилијамс со Дејмон Хил и Алан Прост доминирал и во сезоната во 1993 година. Бенетон ги промовирал своите активни суспензии и контрола на тракција на почетокот од сезоната, последни од фаворитските тимови. Шумахер победил во една трка, Португалскиот Гранд При, победувајќи го Прост, а имал и девет искачувања на подиумот, но се повлекол на 7 од другите 15 трки. Сезоната ја завршил четврти, со 52 бода.
1994-1995: Годините на светското првенство
1994 беше сезоната на Шумахеровиот прв Возачки Шампион. Сезоната, меѓутоа, беше обележана со смртта на Аиртон Сена (сведочена од Шумахер, кој беше дирекно позади на втората позиција) и на Роланд Раценбергер за време на Гранд При Сан Марино, како и од обвинувањата дека неколку тимови, но посебно Шумахеровиот Бенетон, ги прекршиле техничките правила на спортот.