Гвадалахара () е главниот град на Мексиканската сојузна држава Халиско, и седиште на истоимената општина. Градот е сместен во централниот регион на Халиско во западно-тихоокеанската област во Мексико. Со популација од 1,564,514 жители, Гвадалахара е втората по популација најголема општина во Мексико.Consejo Nacional de Población, México; Proyecciones de la Población de México 2005-2050 Посетено на 2008-10-18. Метрополитенската област на Гвадалахара вклучува седум соседни општини со пријавена популација од 4,328,584 жители во 2009 година, правејќи ја втората најголема метрополитенска област во Мексико, веднаш зад Град Мексико.Consejo Nacional de Población, México; Delimitación de las zonas metropolitanas de México 2005 Посетено на 2008-10-18. Гвадалахара е втора по ред општина со најголема густина на популација во Мексико; веднаш зад Нецахуалакотол во сојузната држава Мексико.
Наводи
Категорија:Градови во Мексико Категорија:Населени места основани во 1542 година
hu:Guadalajara