Димитар Смилески — македонски публицист.
Животопис Димитар Смилески е роден во 1948 година во Оздолени, област Дебрца, Охридско. Завршил Природно-математички факултет - група Географија, при што се здобил со звање дипломиран географ. Скоро целиот работен век го поминал како новинар, а потоа како главен уредник и директор на Радио Охрид, а бил главен уредник и на охридскиот весник „Езерски глас“ и на списанието „Далги“. Работел и како директор на Архивот во Охрид, од каде што се пензионирал. Како новинар има подготвено над стотина радио-репортажи и десетина документарни телевизиски емисии за селски населби во Охридско. Во 2001 година, тој магистрирал на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, при што се здобил со звање - магистер по туристички науки. Со свои научни трудови од областа на географијата, етнологијата, историјата и туризмот учествувал на разни научни собири во Македонија. Во фокусот на неговиот научен интерес се селските населби во Југозападна Македонија и досега има издадено над дваесет монографии за села во охридскиот крај.
Библиографија „Велмеј“ - монографија (1984) „Љубаништа: географска, демографска и историска студија“ - монографија во коавторство со Наум Ристески (1985) „Долно Лакочереј“ - монографија (1986) „Куратица“ - монографија (1986) „Ботун“ - монографија (2002) „Родописот на Неловци - Оровник“ - монографија (2003) „Скребатно“ - монографија (2005) „Оздолени - Слатински Чифлик - Сошани“ - монографија (2008) „Скребатно“ - монографија (2011) „Пештани“- монографија (2014) „Требеништа“ - монографија (2017) „Сирула“ - монографија (2018) „Косел“ - монографија (2019) „Опеница“ - монографија (2020) Српски документи за историјата на Охридско-струшкиот регион II(1890-1940)(2020) со Павле Митрески„
„Лев Огненов“ - монографија во коавторство со Павле Митрески (2022) „Арбиново“ - монографија - коавторство со Велјан Ѓорески (2023) „Охридски летопис* - прв дел, во коавторство со Павле Митрески (2024)
Наводи
Категорија:Луѓе од Оздолени Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски географи Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски географи Категорија:Југословенски новинари Категорија:Југословенски уредници Категорија:Апсолвенти на Природно-математичкиот факултет - Скопје