Космос-1667, познат и како Бион-7 и Биокосмос-7, е еден од над 2.400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата „Космос“.

Податоци Општи податоци Сателитот е лансиран од космодромот Плесецк, СССР на 10 јули 1985 г. Во орбитата околу планетата Земја бил исфрлен од носечка ракета. Масата на сателитот при лансирањето изнесувала 5700 килограми. Космос-1667 бил сателит наменет за биолошки истражувања. Во нивното спроведување учествувале 9 земји, а за потребите на истражувањето биле понесени 2 мајмуна, 10 машки глувци и 10 дождовници. Мајмуните биле испитувани во врска со протокот на крв, воздухот и радијациските ефекти. Предните екстремитети на дождовниците биле отсечени и во Вселената била набљудувана нивната обнова. Биле набљудувани и околу 1500 овошни мушички, како и риби во аквариум. Испитувања се вршени и на билки, вклучувајќи и пченка. Мисијата била завршена 7 дена по нејзиното започнување.

Орбитални податоци Исфрлувањето на сателитот било на ниска орбита околу Земјата. Периодот на обиколување на сателитот околу Земјата изнесувал 90 минути, додека аголот на наклонетост на орбиталната рамнина во однос на рамнината на екваторот изнесувала 82,3°.

Поврзано Космос (програма)

Литература Податоци за сателитот — НАСА

Надворешни врски Податоци за сателитите во табеларен облик

Категорија:Сателити „Космос“ Категорија:Космонаутиката во 1985 година Категорија:Вселенски летала пуштени во 1985 година