Арминиј или Херман (18/17 п.н.е. - 21 н.е.), бил поглавар на германското племе Херуски, кои победиле три Римски легии во Битката кај Тевтобуршката шума.

Животопис Арминиј е роден во 18 или 17 година п.н.е. како син на херускиот поглавар Сегимер, Арминиj бил обучуван како римски командант и добил римско државјанство и положба на витез пред да се врати во Германија.

Арминиј е овековечен со Арминиевиот споменик во јужниот дел на Тевтобуршката шума во Источна Вестфалија-Липе. Покрај ова, во негова чест е поставена и спомен-плоча во салата на славните „Валхала“ кај Регенсбург.

Тацит за Арминиј Староримскиот историчар Тацит го почестил Арминиј, кој им го нанел на Римјаните еден од најтешките порази, со следниве зборови:

„Несомнено, тој беше ослободителот на Германија, и, што го разликува од другите цареви и војсководци, им фрли предизвик на Римјаните кога нивната држава беше во најголем расцвет, а не во опаѓање. Во битките среќата не секогаш го следеше, но во војната остана непоразен. Живееше триесет и седум години, од кои дванаесет траеше неговото владеење. Варварските племиња го воспеваат и ден-денес...“

Категорија:Родени во 10-тите п.н.е. Категорија:Починати во 21 година Категорија:Луѓе од стариот век Категорија:Историја на германските народи Категорија:Германско паганство Категорија:Личности овековечени во споменикот „Валхала“