Христо Бучков ― учител и еден од првите организатори на Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и бугарски дипломат. Животопис Бучков е роден во 1857 година во градот Кукуш, тогаш во Османлиското Царство. Тој бил син на Хаџи Георги Бучков, делегат од Поленинската епархија на Првиот црковно-народен собор во Константинопол во 1871 година. Учел во родниот град и во Константинопол. Станал егзархиски учител и предавал 12 години во различни населени места во Македонија - во Кукуш, Солун, Струмица, Скопје и Воден. Во Кукуш негов ученик е Гоце Делчев. Протеран е во Мала Азија, но подоцна е помилуван со помош на драгоманот на рускиот конзулат во Солун, Наум Спространов.
Од 1879 е учител во рамките на Солунското трикласно училиште и учествува во формирањето на егзархиската машка гимназија, во која предава до 1883 година географија, француски јазик и краснопис. Во 1889 - 1895 година е првиот драгоманин на Бугарското дипломатско агенцијата во Константинопол. Во 1895 година се населил во Софија. Автор е на необјавени турско-бугарски и бугарско-турски речник Куманов, Милен. „ Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 36.
Наводи
Категорија:Учители во Солунската бугарска машка гимназија Категорија:Луѓе од Кукуш Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Починати во Софија Категорија:Родени во 1857 година Категорија:Починати во 1913 година