Нојкирх/Лаузиц (, ) — град во областа Горна Лужица, во округот Бауцен во Саксонија во источна Германија. Се наоѓа во планинскиот регион Лужички Возвишенија близу ридот „Фалтенберг“, кој се наоѓа на околу 587 метри.

Географија и историја

Кај Фалтенберг е изворот на реката Везениц. Соседни општини се Добершау-Гаусиг, Вилтен, Штајнигтволмсдорф и Шмелн-Пуцкау во округот Бауцен и Ховалд во округот Саксонска Швајцарија. Оддалеченоста до најголемиот град во регионот е 15 километри до Бауцен и 12 километри од градот до Бишофсверда.

Нојкирх бил првпат споменат во пишан документ во 1222. Битката кај Бауцен во 1813 помеѓу француската и руската армија се одржувала во близина на градот.

Наводи

Категорија:Бауцен (округ) Категорија:Населени места во Горна Лужица