Бил Павлески ( во ) — американски и македонски стопанственик и министер без ресор во периодот 2011-2017.

Животопис Павлески е роден на 8 октомври 1974 година во Охрид. Средно образование завршил во САД, дипломирал Електро факултет на State University New York-Binghamton и добил две посебни Магистратури со високи почести. Тој е Магистер за Компјутерски науки на Northeastern University-Boston, и исто така Магистер за Бизнис Менаџмент на Harvard University-Boston.

Моментално е вработен во американска мултинационална информатичка корпорација Hewlett-Packard Company (HP), со седиште во Пало Алто, Калифорнија. Во текот на неговата 14 годишна кариера во HP бил поставен на различни високи инженериски и менаџерски позиции во организацијата за склaдирање на информации, вмрежување и технолошки услуги за Северна Америка, Европа и Азија. Во неговата досегашна позиција, со тим дисперзиран низ три континенти, тој е одговорен за извршување на финалната стратегија за пред и после продажба и поддршка на мултинационални Fortune 1000 корпорации. Тој е во честа комуникација и соработка со големи корпорации и е вклучен во склучување на сложени проекти со истите.

На претходните позиции извршувал одговорна позиција за производство на софтвер и блиска соработка со HP India. Бил Павлески е активен претприемач во Harvard-MIT Entepreneurship Society и е поврзан со фонд за ризичен капитал за почетни инвестиции во Бостон. Член е на Harvard Faculty club. Од 2011 година тој е поставен за Министер за странски инвестиции на Македонија.

Наводи

Надворешни врски Биографија на страната на Владата на Македонија Профил на Facebook

Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонци од САД Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2011