Споменик на Бранителите — споменик во Скопје, посветен на загинатите припадници на Вооружените сили на Македонија во војната од 2001 година, кој свечено се открил на 23 октомври 2011 година.

Споменикот на Бранителите е изграден со одлука на општина Центар, а е идејното решение е на скулптурот Киро Мукаедов. Споменикот на Бранителите се наоѓа во Жена-парк пред Градскиот трговски центар и Собранието на Македонија, до Триумфалната капија.

На бронзената плоча на Споменикот испишани се имињата на сите убиени припадници на Вооружените сили на Македонија во војната 2001 година.

Поврзано

Список на загинати бранители на Македонија

Наводи

Категорија:Споменици во Скопје Категорија:Споменици посветени на кризата во Македонија од 2001 Категорија:Македонски дела од 2011 година Категорија:Дела на Киро Мукаедов