Стојан Георгиев ( во , Струмичко — во , Струмичко) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис Роден е во струмичкото село Дабиље во богата фамилија на сапунџии, жители на Струмица. Учи во своето родно село и Штип. Во 1892 година завршува во Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а подоцна завршува и високо образование на Софискиот универзитет. Се враќа во Струмица и работи во штотуку отвореното егзархиско училиште, а потоа и во Белоградчик.

Револуционерна активност Влегува во Македонската револуционерна организација и од 1895 година е на чело на движењето во Струмичко. Стојан важи за првиот човек од тој крај кој ги прифатил идеите на Гоце Делчев, кој често престојувал во неговата куќа ѝ бил многу близок со него. По смртта на Гоце, се зближува со Јане Сандански. Некои го нарекувале и макеоднскиот Жан Жорес. До крајот на 1895 година, заедно со кондураџијата Доне Лазаров, создава револуционерни комитети во следните 12 села: Дабиље, Муртино, Робово, Варварица, Вељуса, Нивичани, Василево, Моноспитово, Ново Село, Куклиш, Костурино и Попчево.„Революционната борба в Гевгелийско по спомените на Илия Костадинов Докторов“, Съставител: Кирил Григоров Пърличев, „Македония прес“, София, 2004, стр.108-109. Околу него се собрала група од околу 30-тина негови истомисленици - интелектуалци, меѓу кои биле: Ристо и Ѓорѓи Бабамови, Илија Маказлиев, Костадин Самарџиев - Џемото и други. Во април 1898 година се префрла во внатрешноста на Македонија како војвода на чета, успешно се справува со поставените задачи и во септември оди во Бугарија. Учесник е во акцијата за киднапирање на Назлим-бег, преку кого било планирано да се побара откуп, за со тие средства биде финансирана организациајта. Во 1903 година е уапсен и осуден на 101 години затвор по разврзаната на Струмичка афера, но бил амнестиран следната година (1904 г.).

Борба со врховистите Со зајакнувањето на бугарсакта пропаганда во поилинденскиот период, зачестиле навлегувањата на врховистиките чети во струмичкиот регион, кој сакале да го преземат под нивно влијание. Стојан важел за голем противник на врховистите, кои честопати разоружани ги враќал посрамотени назад во Бугарија. Затоа станал омразен во врховистичките кругови. Кога Бугарија се определила за Централните сили за време на Првата светска војна, Јане Сандански и Стојан Георгиев се изјасниле против тоа влегувањето на Бугарија во Војната. Покрај врховистите тој бил во директен судир и со бугарскиот егзархиски владика Герасим.

Во 1914 година е избран за бугарски народен претставник во XVII бугарско народно собрание. Струмичкиот деец на ВМОРО Васил Драгомиров за Стојан Георгиев, пишал:

Тој имаше благ карактер, со голем и бистар ум, го критикуваше лошото со цел да го спречи. Беше бестрашен. Со агитирање привлекуваше луѓето кон организацијата, иако приказните му беа за бунт и востание. Од неговите зборови и шпионите стануваа негови верни следбеници и здрави луѓе на организацијата „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 213.

Заседа и смрт Во организација на врховистите му биле поставена заседа во близина на селото Старо Коњарево, во која бил убиен од страна на врховистите.

Наводи

Категорија:Луѓе од Дабиље Категорија:Починати во Старо Коњарево Категорија:Дејци на ВМРО од Струмица Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Седма генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија Категорија:Бугарски политичари од Македонија