Љубомир Михајловски (роден на година во Скопје) — македонски политичар и правник. Во периодот од 17 декември 2004 до 26 август 2006 бил Министер за внатрешни работи на Република Македонија.

Михајловски дипломирал на Правниот факултет во 1980 година. Во периодот од 1981 до 1983 година работел како пазарен и трудов инспектор во Собранието на Општина Центар.

Од 1983 до 1999 година, тој бил потсекретар во Министерството за внатрешни работи каде обавувал повеќе функции. Во МВР работел и како инспектор во Управата за оперативни работи во СВР - Скопје, самостоен инспектор за спречување криминал, виш инспектор за спречување криминал, виш инспектор за недозволена трговија со дрога, началник на Одделението за општ криминал, началник на Секторот за сузбивање на криминал, заменик на помошникот министер за криминалистичка служба во МВР и началник на Управата за внатрешни работи - Охрид, Кичево, Дебар и Струга.

Во периодот од 2000 до 2002 година работел како адвокат, а од 2 декември 2002 година, тој ја извршувал функцијата директор на Царинска управа.

Познат под прекарот Џанго, во 2006 година бил избран за личност на годината од страна на неделникот „Форум плус“.utrinski.com.mk

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2004 Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Југословенски државници Категорија:Министри за внатрешни работи на Република Македонија Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје