Солунскиот револуционерен округ бил дел од структурата на Македонската револуционерна организација. Округот го опфаќал Солунскиот вилает во Отоманското Царство.
Во јули Даме се нашол во Кавадарци и го формирал првиот револуционерен комитет на Организацијата во Македонија. Гоце Делчев и Туше Делииванов на Велигден 1895 година се нашле во Кукуш каде што покрстиле 15 души во Организацијата. Меѓу зачленетите била и сестрата на Гоце, Руша Делчева, една од првите жени во МРО. Првата чета во Солунскиот револуционерен округ била екипирана во првата половина на 1897 година во Ениџевардарско. Во 1901 година се разврзала Солунската афера. Аферата започнала во Солун, постепено се проширила во Солунскиот вилает. Додека турските власти ја разоткривале организациската мрежа во Солунско и Кукушко на 4 Февруари 1901 година во селото Бајалци четата на Христо Чернопеев имала судир со турскиот аскер и тоа дало нова дименизија на аферата. Најголемиот дел од легалните дејци на Македонската револуционерна организација од загрозените реони биле принудени да заминаат и да се засолнат во Бугарија.
Според општиот план за Илинденското востание, Првиот Солунски револуционерен округ е поделен на два реони - "Кожув" и "Беласица". Подготовките за востанието во Ениџевардарско ги презел Апостол Петков. Воденската околија имала слабо учество во востанието. Таму имало неколку битки. Сава Михајлов и Аргир Манасиев откако го добиле известувањето за денот на востанието, организирале советување. Тие заклучиле дека ќе можат да преземаат само атентати по железничката линија. Востанието во Тиквешко започнало со потпалување на една беговска кула кај Положно, а бегот бил ранет. Подготовките во Кукушко се одвивале под раководство на војводата Крсто Асенов. За денот на востанието било изработено востаничко знаме.
По задушувањето на Илинденското востание се засилува грчката вооружена пропаганда во Македонија, предводена од грчкиот конзулат во Солун. Со пари и доделување на бесплатно оружје , андартите ги привлекуваат на своја страна селата Петрево, Рамел и Зорбатово, а грчките села во Урумљакот стануваат пунктови на грчката пропаганда. Грчките чети постојано ги напаѓаат егзархиските села во Ениџевардарско, а како одмазада се опожарени Рамел и Ниси.
Во јули 1908 година е прогласена Младотурската револуција, по која четите на двете страни ја напуштата вооружената борба.
Граници Прв Солунски револуционерен округ Кукушки реон Солунски реон Дојрански реон Гевгелиски реон Ениџевардарски реон Воденски реон Тиквешки реон
Прв револуционерен комитет мини|150п|десно|Дамјан Груев Во летото 1894 година по барање на Централниот комитет, Даме презел една поголема обиколка низ Македонија во текот на јули и август, неговата намера била подготви револуционерна почва. Најпрво го посетил Штип каде што наишол на неколку граѓани кои биле благонаклонети, меѓутоа Даме сепак сметал дека е прерано да зборува за револуционерната идејата и затоа тогаш не бил формиран револуционерен комитет.
Во јули Даме се нашол во Кавадарци и го формирал првиот револуционерен комитет на Организацијата во Македонија. Прв член во Кавадарци бил ученикот Иван Минчев, тој со Организацијата бил запознаен уште во Солун, а Даме преку Минчев стапил во контакт со главниот учител Пане Иванов и кавдаречкиот учител Иван Велков. Даме им дал преписка од уставот кој го носел со себе, тие двајца дале заклетва пред Даме, а за претседател на комитетот бил поставен учителот Пане Иванов. Во Кавадарци Даме се задржал неколку дена, а потоа со членовите на комитетот заминал за Ваташа каде што биле покрстени неколкумина.
Велигденска мисија
мини|десно|150п|Руша Делчева Првата голема мисија на Гоце низ Македонија се датира во април 1895 година за време на велигденскиот распуст. Гоце на пат заминал заедно со Туше Делииванов. Во Велес се сретнале со Петар Поп Арсов. По оваа средба со воз заминале за Солун каде што требало да се сретнат со актуелниот претседател на Централниот комитет на МРО, Христо Татарчев. На Велигден се нашле во Кукуш каде што покрстиле 15 души во Организацијата. Меѓу зачленетите била и сестрата на Гоце, Руша Делчева, една од првите жени во МРО. Во текот на престојот во Кукуш, Гоце успеал да собере 180 лири, а непосредно пред неговото заминување сумата се искачила на 330 лири, парите биле доставени на Централниот комитет на МРО.
Солунски конгрес од 1896 година
Солунскиот конгрес од 1896 година е првиот конгрес на Македонската револуционерна организација (ТМОРО), а потврда за тоа е сведоштвото на Татарчев кој го нарекува како основачки и законодавен Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995. Конгресот се одржала за време на божиќните празници во 1896 година во Солун, траел три дена, а со него заседавал Христо Татарчев.
Први чети мини|десно|200п|Апостол Петков Првата чета во Солунскиот револуционерен округ била екипирана во првата половина на 1897 година во Ениџевардарско.Крсте Битоски, Апостол Петков Терзиев, Битола, 1988, 18 Тоа било дело на Дамјан Груев.
Тој ја посетил областа Бојмија и тамошните села, притоа ги поканил старите арамии Апостол Петков и Иван Карасулијата кој дејствувале во Бојмија и Пајак планина, да се покорат на ТМОРО и да ги прифатат нејзините начела.
А. Петков и Карасулијата биле покрстени од страна на поп Стамат Тончев.<ref name="naziv_na_ref">'Христо Шалдев, Из револуционит борби в Паяк планина, Ил. Илинден, София 1931, 14.</ref>
Четата на Апостол Петков се состоела од 7 души, во неа влегле брат му Тано, братучед му Андон, Михаил Апостолов, Андон Ќосето, Димитар Чавдаров и Атанас Карадупков. Привремено во четата на Апостол Петков се присоединувал и Аргир Манасиев.
Во 1897 година Гоце Делчев на двапати ја посетил областа Бојмија. Неговите посети неможат точно да се датираат но најверојатно е дека биле поврзани со четата.
Делчев со себе го донел и Михаил Апостолов - Попето кој требало да се запознае со теренот и да влијае врз четата која била поставена врз полуарамиски начела.
Набрзо по формирањето, четата на А. Петков го имала своето воено кршевање. Четата стапила во судир со аскерот кај селото Грубевци. Аскерот бил растеран, а четата немала жртви. Оваа борба го прославила името на војводата и го покренала духот на населението. Од четата на А. Петков се одвоил Иванчо Карасулијата и ги обиколувал Кожув и Пајак Планина.
Војводи Список на војводите кој дејствувале пред и за време на Илинденското востание:
Апостол Петков, Иван Карасулијата, Павле Граматиков, Атанас Орџанов, Михаил Апостолов, Михаил Герџиков, Ичко Димитров, Андон Ќосето, Христо Бабљански, Димитар Бабљански, Вндо Ѓошев, Христо Чернопеев, Петар Јуруков , Аргир Манасиев, Сава Михајлов, Крсте Асенов, Трајко Ѓотов, Гоце Нисторов, Гоно Бегинин, Димитар Занешев, Григор Ѓинѓифилов, Атанас Крстев, Дељо Калчев, Коста Попето, Лазар Мишев, Лазо Родивчето, Георги Тоцев, Георги Хаџи, Тодор Серменински, Глигор Иванов, Штерјо Јунан, Христо Шаламанов и Ташо Островски Бабев, Иван. Юбилеен вестник, Век от Илинден, Несебър, 2003, стр. 4..
Солунска афера
Солунската афера е една од најголемите провали со која се соочила Македонската револуционерна организација. Аферата започнала во Солун, постепено се проширила во Солунскиот вилает и најголемиот дел од легалните дејци на Организацијата од загрозените реони биле принудени да заминаат и да се засолнат во Бугарија. Дополнително оваа афера добива на тежина со апсењето на речиси целиот Централен комитет, a тоа овозможило на чело на Организацијата да застане бугаринот Иван ГарвановВанчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет.
Судирот кај Бајалци мини|десно|150п|Христо Чернопеев Додека турските власти ја разоткривале организациската мрежа во Солунско и Кукушко на 4 Февруари 1901 година во селото Бајалци четата на Христо Чернопеев имала судир со турскиот аскер и тоа дало нова дименизија на аферата.
Легалните дејци на Организацијата од Солунско и Кукушко за да не бидат уапсени од страна на турските власти се засолниле во четата на Чернопеев и така таа нараснала на 30 души.
Затоа, Чернопеев и Туше Делииванов со четата замонале во Гевгелиско и таму се ослободиле од дејците, а на 2.02.1901 година се нашле во селото Мачуково каде требале да го разгледаат поведението на Гоно Рибаров.
Отаму четата се упатила кон Бајалци, а Рибаров ја предал четата на турските власти. Организацискиот раководител во Мачуково, Леонид Јанков го известил Чернопеев да го напушти Бајалци но тој одбил и по цена :
Од друга страна пак Чернопеев им се обратил на селаните од Бајалци кажувајќи им дека тие треба да собираат пари за купување на пушки. На 4 Февруари четата била опколена и таа се обидела да се пробие но при првиот јуриш загинале 7 комити, двајца биле ранети, а останатите се окопале во снегот и започнале престрелка со турскиот аскер која траела 14 часа. Четата сепак успеала да се пробие и се упатила кон селото Калиново, а дури третиот ден успеале да и избегаат на турската потера.
По овој судир Чернопеев и Туше Делииванов кон крајот на март се нашле во Бугарија. Овој судир ги потврдил изјавите на Милан Михајлов, имено меѓу загинатите комити биле откриени посочените лица, а турската власт увидела дека убиените се од Кукуш и околината и дека Отоманското Царство има работа со масовно вооружено организирано движење и затоа прогонните на власта се прошириле во Солунскиот вилает Динев, Ангел. Од минатото на Гевгелија - ("Македонија"), бр. 1772, 10.IX.1932 г.
Солунски конгрес од 1903 година
Солунски конгрес од 1903 година заседавал од 2 до 4 јануари (стар стил - четврток, петок и сабота), тој е познат и како Јануарски конгрес''. На овој собир била донесена одлуката за кревање на Илинденското востание иако најголемиот дел од видните револуционерни дејци се изјасниле против кревање на востание.
Илинденско востание
Според општиот план за Илинденското востание, Првиот Солунски револуционерен округ е поделен на два реони - "Кожув" и "Беласица". Втор востанички округ „Кожув“ Гевгелиски реон Ениџевардарски реон Воденски реон Тиквешки реон Трет востанички округ „Беласица“ Кукушки реон Солунски реон Дојрански реон Поројски реон Петрички реон II востанички округ - Кожув
Подготовките за кревање на востание во Солунскиот револуционерен округ започнале веднаш по Софиското советување. Во февруари 1903 година во Гевгелиско пристигнале Сава Михајлов и Крсто Асенов со 18 товари пушки и динамит. Во тој реон биле четите на Иван Карасулијата и Аргир Манасиев, меѓу нив двајца постоело нетрпение, меѓутоа била организирана средба и дошло до нормализирање на односите. мини|300п|десно|Четата на Апостол Петков Терзиев По борбите во Кукушко, Крсто Асенов со својата чета заминал за Ениџевардарско, меѓутоа и таму дошле во судир кај селото Постол. Во борбата учествувале четите на Асенов, Јотов и Апостол Петков. Турците имале четворица загинати и петмина ранети, а четата двајца убиени. Убиството на Асенов го сменило текот на востанието во Кукушко, Ениџевардарско и Гевгелиско.
Подготовките за востанието во Ениџевардарско ги презел Апостол Петков. Воденската околија имала слабо учество во востанието. Таму имало неколку битки.
Сава Михајлов и Аргир Манасиев откако го добиле известувањето за денот на востанието, организирале советување. Тие заклучиле дека ќе можат да преземаат само атентати по железничката линија. Пред Илинден, во Гевгелиско биле четите на Михајлов со 33 души, Манасиев со 38 души и Карасулијата со 24 души, вкупно 95 четници. На Илинден четите се нашле во близина на самата Гевгелија. Ноќта на 10 август бил миниран блискиот железнички мост. Во ноември била извршена демобилизација во Гевгелиско. Михајлов, Манасиев и Карасулијата со повеќе четници заминале за Бугарија.