Чопау () — град во германската сојузна покраина Саксонија, се наоѓа на двата брега на реката Чопау, 9 километри југоисточно од Кемниц. Тој е дел од округот Рудни Планини.

Градот е познат по производството на мотоцикли, особено марките DKW и MZ Motorrad- und Zweiradwerk GmbH и играчки VEB Plasticart.

Чопау има една парохиска црква посветена на Свети Мартин, градско собрание и замок (Schloss Wildeck), чија изградба започнала во дванаесеттиот век.

Наводи

Надворешни врски

Службена страница на градот

Категорија:Рудни Планини (округ)