Паге (португалски: Pagué) е единствениот округ во покраината Принсип. Паге е еден од седумте окрузи на Саун Томе и Принсип и има население од околу 5.400 жители. Центар на округот е градот Санто Антонио, кој е и главен центар на покраината Принсип. Како и покраината, така и округот ги опфаќа и околните помали ненаселени островчиња. Дел од територијата на округот го сочинува Националниот парк Обо.

Демографија

Историска демографија 1940 3,124 (5.2% од вкупното население) 1950 4,402 (7.3% од вкупното население) 1960 4,544 (7.1% од вкупното население) 1970 4,593 (6.2% од вкупното население) 1981 5,255 (5.4% од вкупното население) 1991 5,471 (4.7% од вкупното население) 2001 5,966 (4.3% од вкупното население)

Личности Дамијао Ваз Далмеида, поранешен премиер на Саун Томе и Принсип.

Инфраструктура Во округот има колеџи, средни училишта, плажи, цркви и неколку мали плоштади. Округот е послабо развиен и и добар дел од улиците не се асфалтирани.

Поврзано Принсип Покраина Принсип Саун Томе и Принсип Окрузи во Саун Томе и Принсип

Категорија:Окрузи во Саун Томе и Принсип