Аделината Земја (фр. Terre Adélie) е дел од антарктичкото крајбрежје помеѓу 136° ИГД (кај ‘ртот Пуркоа Па на ) и 142° ИГД (кај ‘ртот Алден на ) со должина на брегот од 350 км задгрбнина во облик на исечок што се протега 2.600 км до Јужниот Пол. На неа полага право Франција, како една од петте области на Француските Јужни и Антарктички Земји, иако ова право го признаваат само некои земји. Земјишната површина изнесува 432.000 км2 и е претежно покриена со мраз.

Од 12 јануари 1956 работи француската истражувачка база „Димон Дирвил“ () со постојан кадар низ целата година. Зиме персоналот брои 33 члена, а лете се накачува на 78. Првата француска станица „Порт Мартен“ е изградена на 9 април 1950 на , но настрадала во пожар ноќта на 22-23 јануари 1952.Fire destroys station in Antarctica, French expedition's loss, The Times, 26 јануари 1952

Од 1957 до 1960 Франција имала уште една станица во континенталниот дел на антарктичката ледена покривка, оддалечена 320 км од денешната крајбрежна станица, на надморска височина од 2400 м. Оваа станица (наречена „Шарко“, по Жан-Батист Шарко) се наоѓала на и била изградена по повод Меѓународната геофизичка година 1957/1958 и имала персонал од само тројца. Речиси сета станица била закопана во снег како заштита од силните ветришта.

Аделината Земја се граници со Австралиска Антарктичката Територија на исток и на запад, т.е. со Клерината Земја (дел од Вилксовата Земја) на запад и земјата на Џорџ V на исток.

Брегот прв го открил францускиот истражувач Жил Димон Дирвил во 1840, и го нарекол по неговата сопруга Адели.

Поврзано Географија на Антарктикот

Наводи

Надворешни врски Откријте ја Франција - Аделина Земја

Категорија:Француски Јужни и Антарктички Земји Категорија:Територијални претензии врз Антарктикот Категорија:Области на Антарктикот Категорија:Антарктички станици Категорија:Земји на Антарктикот Категорија:Франција на Антарктикот