Средни Рудни Планини () — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од запад надесно) окрузите Анаберг, Штолберг, слободниот град Кемниц и округот Фрајберг. На југ се граничел со Чешка (Карловарски крај).

Историја

Округот бил создаден во 1994 година со спојување на поранешните окрузи Мариенберг и Чопау. На 1 август 2008 година бил споен во новиот округ Рудни Планини.

Географија

Округот се наоѓал на Рудните Планини (Erzgebirge). Највисоката точка е 891 метар високиот Хиртштајн (Hirtstein), додека најниската точка со 305 метри се наоѓа во Вичдорф. 40% од округот е покриен со шуми.

Грб

100п|ГрбГрбот покажува три симболи на типичните индустрии во округот. На лево е тркало, симболизирајќи ги водениците, кои биле раширени низ округот, како и симбол за модерните индустрии. Дрвото на лево е за многуте шуми и дрвната индустрија, додека чеканите долу се рударски симбол, бидејќи округот бил центар на рудартвото.

Градови и општини

ГрадовиОпштиниЛенгефелд Мариенберг Олбернхау Волкенштајн Цеблиц ЧопауАмтсберг Бернихен Борстендорф Дојчнојдорф Дребах Горнау Гросолберсдорф Гросрикерсвалде<li>Гринхајнихен <li>Хајдерсдорф <li>Пфафрода <li>Поберсхау <li>Покау <li>Зајфен <li>Венусберг <li>Валдкирхен

Надворешни врски Службена страница Туристичка страница

Категорија:Поранешни окрузи во Саксонија Категорија:Рудни Планини