„Норвудски градежник“ или Авантурата на Норвудскиот градежник (англиски: The Adventure of the Norwood Builder) е една од 56-те раскази за Шерлок Холмс напишана од Сер Артур Конан Дојл. „Норвудскиот градежник“ е вториот расказ од збирката Враќањето на Шерлок Холмс. Расказот е исдаден во 1903 година во списанието The Strand, а илустрациите се од Сидни Пеџет.

Кратко сиже Норвудскиот градежник е Џонас Олдакри, 52 годинишен ерген кој исчезнал од неговата куќа, кога во меѓу време, во неговиот двор избувнал пожар. Во неговиот кревет не спиел никој, неговиот сеф бил отворен, документите биле расфрлени, имало знаци на насилство, како и крв на еден бастун. Бастунот бил од помладиот правник Џон Мекфарлејн, кој го посетил исчезнатиот во ноќта на исчезнувањето. Правникот бил осомничен за вмешаност во случајот, и самиот тој го посетува Шерлок Холмс со замисла да побара совет и помош од славниот и успешен детектив.Норвудски градежник, Враќањето на Шерлок Холмс, Конан Дојл, The Strand, Лондон: 1903

Наводи

Поврзано Враќањето на Шерлок Холмс Шерлок Холмс Д-р Вотсон Артур Конан Дојл

Надворешни врски Норвудскиот градежник на Викиизвор на англиски јазик. Стара англиска карта на Норвуд

Категорија:Враќањето на Шерлок Холмс