Бад Шлема () — општина во округот Рудни Планини, во Саксонија, Германија и припаѓа на Лигата на градови Зилберберг (Städtebund Silberberg). Низ градот поминува сребрениот пат (Silberstraße). Општината го развива нејзиниот туристички сектор, покрај сите нејзини бањски објекти.
Географија
Составни делови на Бад Шлема се Обершлема, Нидершлема и Вилдбах.
Историја
Денес, општината Бад Шлема е спој на две поранешни различни делови на Нидершлема и Обершлема, што се случило во 1958 година. Од 1994 година, општината Вилдбах е исто така припоена кон новата општина.
Во текот на минатите 800 години, двата дела станале познати по рудните богатство на железо, бакар, сребро и ураниум. Во времето на индустријализација, биле основани многу семејни фабрики, кои станале познати низ цела Германија. По откривањето на сината боја од кобалт од страна на Кристоф Ширер, во Обершлема започнал со работа најголемиот светски производител на сина боја од кобалт, со 42 објекти. По отворањето на богатите извори на радон во Маркс-Землер-Штолн (ридски рудник) во Обершлема помеѓу 1908 и 1912, светската најбогата бања била развиена по 1918 година. Само 10 години подоцна, била вброена помеѓу најважните бањи во Германија (во 1943, имала повеќе од 17.000 посетители). Рудникот за ураниум бил преземен од советските окупациски сили по 1946, бањата и општината Обершлема биле скоро уништена до 1952. Од 1990 година, советско-германската корпорација Визмут (Sowjetisch-Deutsche Aktiengesellschaft Wismut, ископала повеќе од 80.000 тони ураниум од долината Шлема и соседната долина Мулде.
Откако рударството завршило, градоначалникот, Конрад Барт, организирал обновување на градот како бањски град, што било реализирано во 1998, кога новата Kurhaus („бања“) била отворена. Новоотворената бања сега ја посетуваат повеќе од 1.200 посетители.
На 18 јануари 2005, саксонската покраинска влада службено го прогласила градот со Bad (буквално „бања“), откако била признаена како бања на 29 октомври 2004 година. Така, Бад Шлеме станала првата општина што го добила описот Bad од 1990 година.
мини|Рудник за посетители Маркс-Землер-Штолн
Население
Сите следни бројки се однесуваат на 31 декември во дадената година.
1982 to 1988 1982 − 7.921 1983 − 7.779 1984 − 7.617 1985 − 7.568 1986 − 7.466 1987 − 7.428 1988 − 7.309 1989 to 1995 1989 − 6.959 1990 − 6.605 1991 − 6.460 1992 − 6.365 1993 − 6.343 1994 − 6.340 1995 − 6.234 1996 to 2002 1996 − 6.189 1997 − 6.249 1998 − 6.227 1999 − 6.088 2000 − 5.849 2001 − 5.737 2002 − 5.649 2003 to 2006 2003 − 5.595 2004 − 5.549 2005 − 5.493 2006 − 5.451 Извор: Statistisches Landesamt des Freistaates Sachsen
Политика Општинско партнерство
Бад Шлема одржува партнерство со Рехбергхаузен во Баден-Виртемберг.
Култура и знаменитости Музеи
Traditionsstätte des Sächsisch-Thüringischen Uranerzbergbaus (Саксонско-тириншко историско место за ископување на ураниум)
Музика
Хор Зилбербах
Познати луѓе
Карстен Шпек (р. 196) — забавувач и глумец Рико Грос (р. 1970) — биатлонец Јоханес Унгер (р. 1976) — оргулар
Наводи
Надворешни врски
Службена страница
Категорија:Рудни Планини (округ) Категорија:Бањски градови во Германија