Џозеф Мајкл "Џо" Алан (роден на 14 март 1990) - велшки фудбалер, играч од средниот ред на Стоук Сити и на велшката фудбалска репрезентација.

Кариера Својата кариера Алан ја започнал во екипата на Свонзи Сити, во која дошол како дете на девет годишна возраст.

Во 2008 година поминал едномесечен период на заем во Рексам.

Алан дебитира во Премиер лигата со екипата на Свонзи во сезоната 2011-2012. Тој беше еден од клучните играчи на својот тим, одигра 36 натпревари во сезоната и постигна 4 гола со кој му помогна на својот тим да заврши на солидното 11-то место во првата сезона на тимот во Премиер лигата во неговата историја.

На 10 август 2012 Џо Алан во пакет со својот менаџер (од Свонзи) Брендан Роџерс потпишал за Ливерпул за сума од 19 милиони евра.

Репрезентативна кариера Алан игра за повеќе младински селекции на Велс како категориите до 17, 19 и 21-на година. Своето деби за сениоркиот тим на Велс го направил против Естонија во пријателски натпревар во мај 2009-та кога влегува како резерва.

Надворешни врски Профил на soccerway

Категорија:Фудбалери на АФК Свонзи Сити Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на ФК Стоук Сити Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Велшки фудбалери Категорија:Родени во 1990 година