Пајонската свештеничка е бронзена скулптура посветена на пајонска свештеничка, пронајдена на некрополата Лисичин Дол на валандовското археолошко наоѓалиште Исар-Марвинци. Автор на скулптурата е Сретко Јовановски.
Уметничко дело е засновано на вистински артефакти. Скулптурата е висока три метри. Свештеничката е елегантна, тенка, висока, со глава крената кон Сонцето.
Скулптурата почна да се изработува со донација од 5.000 евра од исландска банка, а со тие парите е излеана мала фигура на свештеничката. Монументалната верзија ја финансираше Министерството за култура со 1,5 милион денари. Скулптурата е леана во леарница во Смедерево. Со постаментот скулптурата е висока 3,5 метри.
Првично, скулптурата Пајонска свештеничка е поставена во дворот на Музејот на Македонија,Поставена скулптурата „Пајонска свештеничка“ пред Музејот на Македонија а потоа е преместена на мостот „Око“.„Пајонската свештеничка се сели на мостот „Око“, „Шпиц“, 7.05.2010.
Наводи
Категорија:Споменици во Скопје