Гоце Тодоровски (Кичево, - Скопје, ) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист.
Животопис
По завршувањето на Факултетот за драмски уметности при универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во класата на професорот Илија Џувалековски, се вработил во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнал како мошне надарен и суптилен комичар. Имал одлична соработка со голем број на познати наши режисери: Слободан Унковски, Коле Ангеловски, Димитар Станковски, Владимир Милчин и Димитрие Османли. Покрај ангажманите во матичниот театар, бил често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично-сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин бил и во другите театарски куќи во Македонија. Гоце бил препознатлив и по телевизиската екранизација и синхронизација на турски серии за телевизија „Сител“. По долготрајно боледување, починал на 26 јули 2026 г.
Награди 1980 — Награда за најдобра улога за ликот Цанде во претставата „Солунски патрдии“ на фестивалот за Театарски игри „Војдан Чернодрински“ — Прилеп 1986 — најпопуларно ТВ лице според ревијата анкета на весникот „Вечер“ 2020 — Награда „св. Јоаким Осоговски" 2023 — Орден за заслуги за Македонија 2025 — Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“ 2025 — Награда 23 октомври
Филмографија ГодинаФилмУлогаКанал1970-ти▲1976Цимерите од соба 306 ТВ-филм /1977Итар Пејо ТВ-серијаТВ Скопје1978Шеќерна приказна ТВ-филм 1979Наши години ТВ-серијаЦунеТВ Скопје1980-ти▲1980Учителот ТВ-филм 1981Црвениот коњ ТВ-филм 1981Седум секретари на СКОЈ ТВ-серија 1981Булки крај шините ТВ-серија ТВ Скопје1983Записник ТВ-филм 1983Ликвидатор ТВ-филм1984Хихирику - 5 години ТВ-серија Радио Скопје1984Камчевци ТВ-серија ТВ Скопје1984Јуначко колено ТВ-серијаКирче МРТ 11984Лет во место ТВ-филмАнгелеМРТ 11984Другарувања ТВ-серија 1984-1985Легенди и преданија ТВ-филмМРТ 11984-1985Македонски народни приказни ТВ-серијаМРТ 11985Ајде да се дружиме ТВ-серијаМРТ 11985На наш начин ТВ-филмБимбоТВ Скопје1985Бушава азбука ТВ-серијаТВ Скопје1985Тетовирани души ТВ-филм 1985-1986Крале Марко јунак стана ТВ-серија Крали Марко 1986Солунски патрдии ТВ-серија ЦандеМРТ 11986Трето доба ТВ-серијаМРТ 11986 - 1992Македонски народни приказни ТВ-серија1986Среќна Нова '49 ТВ-филмТодор1987Трст виа Скопје ТВ-серијаЛаки МРТ 11987Театарче лево ќоше ТВ-филм1987Училиште за кловнови ТВ-серијаМРТ 51988Викенд на мртовци ТВ-серија Ацко МРТ 11988Чук, чук Стојанче ТВ-серијаМРТ 51988Тврдокорни ТВ-серија МРТ 11990-ти▲1990Викенд на мртовци ТВ-филмАцкоМРТ 11991Елелига Пепелига ТВ-филм1991Болва в' уво ТВ-филм Доктор 1991Поштар ТВ-филм Ловец 2 МРТ 11991Женски оркестар ТВ-филмСузе1992Време, живот ТВ-филм Мајстор 1992Чудовиштата во нашиот град ТВ-серијаБорилаМРТ 51993Црно бело во боја ТВ-филм / 1993 - 2000Македонски народни приказни ТВ-серијаМРТ 11993Грев или шприцер ТВ-филмПеро 1994 Прекалени ТВ-серија МРТ 11995Ангели на отпад ТВ-филм1995Во светот на бајките ТВ-серија МРТ 11998Салон Хармони ТВ-серијаФидан МРТ 11999Време, живот ТВ-филм Тон 1999Хихирику - 20 години ТВ-серија 1999Каца ТВ-филмМитре КТВ2000-ти▲2000Погрешно време ТВ-серија ПеткоМРТ 1 2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија МРТ 12000-2003Македонски народни приказни ТВ-серија МРТ 12001Ноќ спроти Свети Василиј ТВ-филм Доктор МРТ 12001Агенција осамени срца ТВ-серија Џовани 2002Наше маало ТВ-серија Ефтим Наша ТВ2003Битолски лакрдии ТВ-серијаМРТ 12004 Хихирику ТВ-серијаМР 12006-2009Македонски народни приказни ТВ-серија ТВ Морис2007Превртено ТВ-филм Служ.2007-2010Народни приказни ТВ-серија А1 ТВ2008Куќен совет ТВ-серија Сител2009Балкан бенд ТВ-серија Гоца Сител ТВ2010-ти▲2010Азиланти ТВ-серијаСител ТВ 2010 Царската е последна ТВ-филм Советник МРТ 12010 - 2012Македонски народни приказни ТВ-серијаМРТ 12012-2014Тврдокорни ТВ-серија Мише ТВ Сонце2013-2015Македонски стари приказни ТВ-серија Сител ТВ2014До балчак ТВ-филм2015Збор ТВ-филм Трговец2016-2017Македонски стари приказни ТВ-серијаСител ТВ2019Преспав ТВ-серија Гостин МРТ 12020-ти▲ 2020 Мојот Драмски ТВ-серија МРТ 12022Ручек ТВ-филм Гостин 2023-2025Македонски стари приказни ТВ-серија Сител ТВ2024 Послушајте патриоти ТВ-филм Чорбаџија Канал 52026Враќање во иднината ТВ-серија
Театарски улоги
И бол и бес од Славко Јаневски, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1975; Новинар — Досада на самиот врв на највисоката власт од Коле Чашуле, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1975; Жител на Тива — Цар Едип од Софокле, р. Миле Корун, Драмски театар - Скопје 1976; Мажот — Џинот од Ѓорѓи Сталев, р. Васил Ќортошев, Драмски театар - Скопје 1976; Џин 2 — Баш челик од Горан Бабиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1977; Лука Лукиќ – Ревозор од Гогољ, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1978; Ѓаволчето — Шекспир во приказни од Богомил Ѓузел, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1978; Докторот – Веселата смрт од Евреинов, р. Наум Пановски, Драмски театар - Скопје 1979; Цанде – Солунски патрдии од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1979; Питачот — Дон Жаун од Жан Батист Молиер, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1980; Давидов — Бркотница од Лав Биринскиј, р. Владимир Милчин, Драмски театар - Скопје 1980; Помалиот — Чудото на свети Ѓорѓија од Русомир Богдановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1981; Големиот пират — Џон Пиплфокс од Мирослав Беловиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1981; Артур — Ајкула од Виктор Хаим, р. Ѓорѓи Стојаноски, Драмски театар - Скопје 1982; Уредникот — Полнета птица од Фадил Хаџиќ, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1982; Џингискан — Мачорот Џингискан и Мики траси од Весна Парун, р. Ѕвездана Ладика, Драмски театар - Скопје 1982; Леле Малр — Јадигар од Васе Манчев, р. Борко Зафировски, Драмски театар - Скопје 1983; Големиот пират — Џон Пиплфокс од Душан Радовиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1984; Пикас — Ловечка сказна од Стефан Пешиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1985; Тетовирани души од Горан Стефановски, р. Паоло Маџели, Драмски театар - Скопје 1985; Кирца — Викенд на мртовци од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1985; Коприварник од Иван Карадак, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1986: Питу — Сара Бернар од Џон Марел, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1986; Сер Тоби — Ноќ спроти водици од Вилијам Шекспир, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1986; Вуле — Клаустрофобичка комедија од Душан Ковачевиќ, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1988; Петар — Собирен центар од Душан Ковачевиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1989; Борила — Чудовиштата во нашиот град од Русомир Богдановски, р. Коле Ангеловски, Театар за деца и младинци 1990; Ринго — Чија си од Сашко Насев, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1991; Генералот — Балканот од Жан Жене, р. Ивица Кунчевиќ, Драмски театар - Скопје 1991; Сузана — Женски оркестар од Жан Ануј, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1991; Доктор — Болва во уво од Жорж Фејдо, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1992; Дурмиш — Харем од Сашко Насев, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1994; Ќорле — Кумови од Коле Ангеловски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1995; Хихирику од Иван Карадак, р. Миле Грозданоски, Универзална сала – Скопје 1996; Антонио - Свадбата на Фигаро од Пјер Бомарше, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1998; Панталоне - Арлекин или Слуга на двајца господари од Крло Голдони; р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1999; Платонов од Антон Павлович Чехов, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1999; Кнур - Мефисто од Клаус Ман, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2000; Ферхат и Ширин од Назим Хикмет, р. Ертен Јуџел, Драмски театар - Скопје 2000; Санде - Сон на летната ноќ од Шекспир; режисер: Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 2001; Филипо - Мала тезга за стари кловнови од Матеј Висниак; р. Коле Ангеловски,Драмски театар - Скопје 2002; Хихирику - 25 години од Иван Карадак, р. Миле Грозданоски, Универзална сала – Скопје 2004; Вториот полицаец - Купидона од Срѓан Јанаќиевиќ, р. Срѓан Јанаќиевиќ, Драмски театар - Скопје 2005; Ангеле — Лет во место од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 2005; Кристи - Поручникот од Инишмор од Мартин Медона; р. Зоја Бузалковска, Драмски театар - Скопје 2005; Осман-бег - Ладало од Карло Голдони, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2006; Тоза — Македонски рулет од Љубиша Георгиевски, р. Сашо Миленковски, Драмски театар - Скопје 2007; Гоце Гладнич - Сон на летната ноќ од Вилијам Шекспир, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2008; Бојан — Женско царство од Шенка Колозова, р. Душко Ѓорѓиоски, Театар Колозов 2011; Богдан — Македонска крвава свадба од Војдан Чернодрински, р. Сташа Зуровац, Драмски театар - Скопје 2012; Али Баба — Али Баба и 40-те разбојници од Шенка Колозова, р. Владо Дојчиновски, Театар Колозов 2012; Цанде — Солунски патрдии од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2013; Рибарот — Сказна за рибарот и златната рипка од Шенка Колозова, р. Владо Дојчиновски, Театар Колозов 2014; Свето — Буре барут од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, Драмски театар - Скопје 2016; Синот - Атена со пенис од Александар Русјаков, р. Синиша Евтимов, Драмски театар - Скопје 2017; Ставре — Како да се ограби банка од Коле Ангеловски, р. Иван Манасковски, Драмски театар - Скопје 2018; Гроздан – Животот е краток и нејасен од Марјан Анѓеловиќ, р. Гжегож Кемпински, Театар Отпишани 2025.
Пантагруел – Пангуриј од Русомир Богдановски, Драмски театар - Скопје Ерне – Децата од Павловата улица од Ференц Молнар, р: Душан Наумовски, Универзална сала – Скопје Бркотница од Лав Биринскиј, р. Душко Ѓорѓиоски, Театар Куманово Арлекин – Слуга на двајца господари од Карло Голдони, р. Коле Ангеловски, Народен театар - Велес Ревизор од Гогољ, р. Коле Ангеловски, Народен театар - Штип
Наводи
Надворешни врски
Гоце Тодоровски на dramskiteatar.com.mk
Категорија:Глумци од Кичево Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски гласовни глумци Категорија:Југословенски глумци Категорија:Носители на Орденот за заслуги за Македонија Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје