Стенче — село во Општина Брвеница, во областа Горен Полог, во околината на градот Тетово.
Селото е на самата граница помеѓу тетовските и гостиварските села, а во повеќе извори и различно е сместено во Долен или Горен Полог.Стенче : минато, сегашност, иднина / Ѓорѓи Наумовски ; [изработка на скица на Стенче Горан Тошевски]. - Скопје : Патриот-Р, 2007. - 104 стр., листови со слики во боја, превиткан лист со скица : илустр. ; 24 см
Географија и местоположба
лево|мини|300п|Воздушен поглед на селото
Селото се наоѓа во областа Долен Полог, во јужниот дел на територијата на Општина Брвеница, а чиј атар се издига на северозападната падина на Сува Гора. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 570 метри. Од градот Тетово, селото е оддалечено 25 километри на југ, додека од градот Гостивар е оддалечено 14 километри на север.
До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2233 пред селото Волковија.
Селото се наоѓа во подножјето на Сува Гора. Северно од селото се протега косината Света Недела (висока околу 680 м.), која е граница помеѓу областите Горен и Долен Полог. Поради тоа, ова село е најсеверното село, кое има горнополошки етнички особини. Во минатото, водата за пиење мештаните ја добивале од чешми и бунари. Во самото село се наоѓале чешмите Горна, Долна, Црковна и Бутур-чешма. Низ селото имало и над 30 бунари, а на атарот на селото избиваат изворите Црвенка и Бунари.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Лозја, Иљоица, Средно Поле, Радов Дол, Копачи, Брегои, Бари, Гавраница, Фалише, Грошарки, Крс, Тапаноец, Папрадник, Крушка, Чардак, Бунари, Локва, Кофилница, Лескоец, Долга Присојница, Јовеј Дабје, Подишта, Горна Корија, Присој, Осој, Мали Камен, Липа, Дапче, Сек, Чука, Ридои, Плочи, Драка, Шумаркои Дупки и Змијарник.
Селото има збиен тип и куќите му се поделени во четири маала кои се едно до друго и се наречени: Горно, Долно, Јанкоско и Ѓутурско Маало.
Историја
мини|300п|десно|Фрагмент од Цветен триод Лазаревац од крајот на и почетокот на век, најден во Стенче|page=5
Во пишаните извори селото е споменато како Штенче помеѓу 1337 и 1348 година, кога било приложено на манастирот „Св. Богородица“ во Тетово. Во 1348 година, пак, било приложено на манастирот Хиландар.
Од средниот век се зачувани и помените за двете цркви: црквата „Св. Недела“ (црква со ова име денес се наоѓа во атарот на селото Теново) во Стенче заедно со селото била приложена на тетовскиот манастир „Св. Богородица“, додека црквата „Св. Илија“ која се наоѓала недалеку од селото на падините на Сува Гора била исто така метох на тетовскиот манастир.
По предание, некогашното село се наоѓало пониско од денешното село, односно било сместено покрај самата река Вардар. Тогаш се нарекувало Стење и личело на град. Источно од него на падините на Сува Гора се наоѓа возвишението Градиште, каде се наоѓала Стенчевската тврдина. Се говори дека селото Стење било разорено од страна на Турците при освојувањето на Полог.
На местото на некогашното Стење селаните и денес низ нивите наоѓаат остатоци на ѕидови, црепови и ќупови. Слаби трагови на населба се познаваат и на Градиште, како што се остатоци на ѕидови од камен и цигла. На југоисточната страна на Градиште има остатоци од стари гробови. Покрај тврдината порано воделе два пата: еден од Волковија кон Блаце, а другиот кон Сува Гора и Порече. Остатоците од првиот пат се зачувани и денес.
По разорувањето на старото Стење, еден дел од преживеаните го основале селото Стенче на денешното место.
Во селото бил најден фрагмент од старословенскиот ракопис „Цветен триод Лазаревац“.
Северозападно од селото, на возвишението Света Недела (на границата кон селото Теново), мештаните во 1939 година изградиле параклис посветен на Света Недела. Претходно таму имало гробови и остатоци од стар храм, исто така посветен на Света Недела. Главната селска црква „Св. Илија“ се наоѓа во горниот дел на селото и била подигната во 1860-тите на место на помала трошна зграда. Североисточно од селото, на возвишението Црвенка во 1923 година селаните ја изградиле црквичката „Св. Петка“. Претходно, таму се наоѓале руини од истоимениот храм.
Во селото постои спомен-чешма за илинденците, како и споменик за загинатите во НОБ.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 16,3 километри квадратни. На него пасиштата заземаат површина од 658 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 512 хектари, а на шумите 411 хектари.
Во основа, селото има мешовита земјоделска функција. Во него работи продавница.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Стенче живееле 680 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.212.
Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Стенче имало 664 Македонци, егзархисти.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.122-123.
Според рускиот филолог, Афанасиј Селишчев, селото во 1929 година имало 101 куќа со 957 жители.Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.24.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Македонци.
Стенче преминало од средно во мало село по големина, населено со македонско население. Во 1961 година селото имало 614, а во 1994 година 184 жители.
Според пописот од 2002 година, селото имало 150 жители, од кои 149 Македонци и 1 Србин.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 131 жител, од кои 110 Македонци и 21 лице без податоци.
Родови
Стенче е македонско православно село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се: Староседелци: Сакаровци (14 к.), живееле во старото село Стенче. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Мојсовци (12 к.), исто живееле во старото село. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство), Тетово (две семејства), Варна (едно семејство), Бугарија (едно семејство) и во Романија (едно семејство) и Луканој (2 к.), исто така од старото село. Доселеници: Топенчоски (12 к.), доселени одамна. Не знаат точно од каде се доселени. Имаат иселеници во Тетово (четири семејства). П. Јовановиќ за нив дознал дека се од Гостиварско. Ги викаат и Цигани; Ѓуревци (5 к.), доселени се од селото Матка во Скопски Дервен. Имаат иселеници во Романија (едно семејство); Рупаковци или Маркои (3 к.), имаат исто потекло како и родот Ѓуревци; Којчиновци (4 к.), стари доселеници, но не знаат точно од каде се доселени. На почетокот од век Којчиновци биле богати сточари. Имале околу 600 овци. Подоцна стоката исчезнала. Најпознатиот домаќин во овој род се викал Јанкула. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство) и Панчево (едно семејство); Аврамовци I (25 к.), потекнуваат од Матка во Скопски Дервен. На почетокот од век од таму се иселиле тројца браќа поради напади од „Турци“. П. Јовановиќ за нив забележал дека се доселени од селото Глумово во близина на Матка. Браќата се населиле во Стенче и станале чобани во родот Којчиновци. Ја знаат следната генеологија Ѓурчин (жив, 80 години во 1947 г.)-Крсте-Здраве-Аврам, еден од браќата кои се доселиле. Аврамовци се намножиле од браќата Аврам и Бошко. Од третиот брат не се сочувале потомци. Имаат иселеници во Скопје (две семејства), Битола (едно семејство), Софија (едно семејство) и во Романија (четири семејства); Гркачовци (1 к.), не знаат точно од каде се доселени. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Мешиновци (9 к.), доселени се од некое село во Охридско. П. Јовановиќ за нив слушал дека потекнуваат од Крушевско. Најпрво во Стенче работеле како калајџии. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство), Скопје (едно семејство) и во Романија (три семејства); Попои (3 к.), потекнуваат од предокот поп Стојко. Тој се доселил од некое село во Охридско. Ја знаат следната генеологија Сретко (жив, 56 години во 1947 г.)-Васил-Симјан-Стојко, кој се доселил. Овде се доселени поради крвна одмазда. Од родот Стојкои биле познати свештениците Коста и Никола. Имаат иселеници во Зубовце и во Скопје (едно семејство); Аврамовци II (13 к.), доселени се од селото Волче во Порече. Аврам основачот на родот е дојден во 1810-тите. Ја знаат следната генеологија Оносим (жив, 70 години во 1947 г.)-Гроздан-Неделко-Аврам. Аврам имал четири сина: Димитрија, Павле, Здраве и Неделко. Од овој род има иселеници во Скопје (едно семејство), Бугарија (три семејства), Грција (едно семејство) и во Романија (две семејства); Огњановци (1 к.), потекнуваат од соседното сега уништено село Горно Фалише. Родот изумрел со текот на времето и во 1940-тите останала само една снаа на доселениот Огњан (Трпејца); Анџаковци (7 к.), потекнуваат од предокот Рафаил. Тој се доселил од селото Галате. Тој имал пет сина: Тимосиј, Стојан, Тофил, Цветан и Русе; Крајчевци (1 к.), не знаат точно од каде се доселени. Едно нивно семејство живее во Тетово; Младен (1 к.), се доселил Младен (жив во 1947 година) како домазет од селото Теново; Раде (1 к.), се доселил Раде од селото Церово, каде припаѓал на староседелскиот род Ивановци; Меновци (1 к.), се доселил основачот на родот Огњан како домазет од селото Растеш во Порече и Николоски (1 к.), потекнуваат од домазет од селото Блаце. Во Блаце постојат нивни истоимени роднини. Подалечно потекло од селото Пршовце на Шар Планина.
Се знае и за изумрениот род Ќосевци, кои биле староседелци, како и за Анѓелковци, Петковци и Дамњановци, кои биле доселени од историското село Горно Фалише.
Иселеништво
Од селото се иселиле следниве родови: Кљанковци, староседелци, првин нивна гранка се иселила во Чајле, па понатаму во Балин Дол (21 к.), а последно нивно семејство од Стенче се иселило во 1930-тите во Скопје; Снегуловци, некои нивни семејства живеат во Долно Палчиште (1 к.), Тетово (1 к.), Скопје (3 к.) и Романија (2 к.), последни семејства од родот заминале во 1923 година; Шеменковци, староседелци, потполно се иселиле во Тетово (1 к.) и во Скопје (1 к.); Ќумбаковци (1 к.), заминале во Волковија и Спироски (1 к.), се иселиле во Брвеница.
Општествени институции
ОУ „Гоце Делчев“ - централно основно училиште за ученици од прво до деветто одделение Поранешна здравствена амбуланта
Самоуправа и политика
Во век, Стенче било село во Тетовската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Брвеница, која била една од ретките општини во Македонија која останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од општината Брвеница.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Жеровјане во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Чегране, во која покрај селото Стенче, се наоѓале селата Волковија, Тумчевиште, Форино и Чегране. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Стенче, во која влегувале селата Волковија и Стенче.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2044 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 116 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Стенчевска тврдина — утврдена населба од доцноантичко време и старохристијанска базилика (Ранохристијанска епископија (Стенче)); и Тумба Потсело — населба од доцноантичкото време. Под Брегови - Долна Цеста — населба од доцноантичкото време https://tetovoinfo.mk/nov-arheoloshki-lokalitet-kaj-stenche-otkriva-naselba-od-docnata-antika-najdeni-moneti-i-keramichki-sadovi/
Цркви Црква „Св. Илија“ — главна селска црква; Црква „Св. Екатерина“ — манастирска црква;