мини|десно|280п|Категат и Скагерак

Категат (, ) — морска површина и мореуз помеѓу полуостровот Јитланд и островското подрачје на Данска на запад и југ и покраините Вестерјетланд, Сканија, Халанд и Бохуслен во Шведска на исток. Во него се слива Балтичкото Море преку протокот Ересунд и данските протоци. Категат е продолжение на Скагерак и може да се смета за залив на Балтичкото или на Северното Море, иако во Скандинавија не се смета за ниедно од наведените.

Географија Според спогодбата од 1932 потпишана од Данска, Норвешка и Шведска, северната граница помеѓу Категат и Скагерак се наоѓа на најсеверниот дел на ‘ртот Скаген (на Јитланд), а јужната граница кон Ересунд е на врвот на полуостровот Кулен во Сканија.Спогодба бр. 3210 - Договори во Лигата на народите, Низа 199, 1933

Во Категат се влева реката Јета (кај Гетеборг), заедно со Лаган, Нисан, Етран и Вискан од покраината Халанд во Шведска и реката Гудено од Јитланд во Данска.

Поважни острови во Категат се Самсе, Лесе и Анхолт.

Околу Категат постојат неколку забележителни крајбрежни подрачја како природниот резерват Кулаберг во Сканија (со ретки видови и значајно карпесто крајбрежје), гратчето Меле (со живописно пристаниште и поглед) и ‘ртот Скаген на северниот крај на Данска.

Граници Според Меѓународната хидрографска организација, Категат (збирно определено како „Категат, Ересунд и Големиот и Малиот Појас“) ги има следниве граници: На север. Линија од Скаген и островчето Патерностер (), а оттаму на северозапад преку песочните насипи до островот Шерн. <p>На југ. Границите на Балтичкото Море во појасите (Голем и Мал Појас) и протокот Ересунд: <p>* Во Малиот Појас. Линија од Фалшефт () до Вејснес Неке (). <p>* Во Големиот Појас. Линија од Гулстав (јужниот крај на островот Лагеланд) до Капел Кирке () на островот Лоланд. <p>* Во Ересунд. Линија од светилникот на Стевнс () до ‘ртот Фалстербу ().

Поврзано

Скагерак Јитланд Ересунд Ересундски мост

Наводи

Категорија:Протоци во Данска Категорија:Протоци во Шведска Категорија:Географија на Данска Категорија:Географија на Шведска Категорија:Протоци во Балтичкото Море Категорија:Меѓународни протоци Категорија:Данско-шведска граница