Марко Стојанов, познат како Секулички — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис Стојанов е роден во 1848 година во селото Секулица, Кратовско. Завршува IV одделение. Заедно со својот брат Никола, тој станал ајдутин и застанал на чело на чета која го обиколувала Кратовско, Кумановско и Велешко од 1870 до 1876 година. При избувнувањето на Српско-бугарската војна во 1885 година, тој станал доброволец во бугарската армија. Се населил во Ќустендил, каде што се занимавал со трговија. Потоа Стојанов влегол во ВМОРО. Од мај 1904 до мај 1905 година, тој бил на чело на граничниот пункт на ВМОРО во Ќустендил. Бил во родниска врска со службениот фотограф на ВМОРО во тоа време, Анастас Новев.
При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, бил доброволец во Македонско-одринското ополчение и служел во 1. чета при VII Кумановска дружина. Во 1923 година, тој уапсен од страна на власта на БЗНС поради судирот со ВМРО.Гребенаров, Александър. Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918-1947), МНИ, София, 2006, стр.134
Поврзано Захари Секулички Ќустендилско македонско-одринско здружение
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Луѓе од Секулица Категорија:Македонски преселници во Ќустендил Категорија:Македонски ајдуци Категорија:Македонски војводи Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Македонски воени лица Категорија:Учесници во Мелничкото востание