Хернхут (, ; ) — град во округот Герлиц, во сојузната покраина Саксонија, Германија.
Има пристап на сојузниот автопат 178 и на железничката линија помеѓу Лебау и Цитау. Хернхут се наоѓа 10 километри југоисточно од Лебау, 15 километри северозападно од Цитау и 25 километри југозападно од Герлиц.
Градски единици
Од 1 јануари 2013, кога е припоен Бертелсдорф, градот брои 11 единици:
Хернхут (самиот град) Ниниве Руперсдорф Шван Фриденстал Штравалде Ојлдорф Гросхенерсдорф Хојшојне Нојндорф на Ајген Шенбрун Бертелсдорф Ренерсдорф
Население
Година 1834 1871 1890 1910 1925 1939 1946 1950 1964 1990 2000 2010 Население 899 1.092 1.139 1.364 1.664 1.627 2.024 2.025 1.808 1.754 2.842 4.963
Во средината на 19 век, населението се искачило на над 1.000 жители и по Втората светска војна достигнало 2.000. Од 1950-тите се забележува постојано опаѓање на населението, кое е ублажено со припојувањето на соседните општини.<ref>[http://hov.isgv.de/Herrnhut Digitales Historisches Ortsverzeichnis von Sachsen] 14 април 2012</ref>
Грб
Неговите бои се сина и бела, покажувајќи ја кулата „Altan“ (стражарска кула) на ридот Хутберг над градот. Името на ридот (Стражарски рид) посочува на моравската населба основана од бегалците на имот на Цинцендорф во 1722. Herrn Hut означувало Будна грижа на грофот; жителите биле на стража за грофот, како и дека биле под негова заштита.
Култура
Хернхут има црква и два музеи, вклучувајќи го музејот за локална историја. Градот е центар на познатата Моравска црква и Unitas Fratrum, на германски Brüder-Unität или Brüdergemeine''. Поранешната железничка станица во Хернхут на укинатата железничка линија Цитау-Лебау била претворена во уметничка галерија.
Стопанство
Економијата е заснована на црковната администрација, образованието, туризмот и производството, вклучувајќи го и производството на 26-краката ѕвезда, која често виси на прозорците и тремовите пред и по Божиќ, која се произведува повеќе од 150 години.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Herrnhuter Sterne Evangelische Brüder Unität
Категорија:Герлиц (округ) Категорија:Населени места во Горна Лужица Категорија:Населени места основани во 1722 година