Јордан Петрев Варналиев (, - , Карбинци, ) — македонски револуционер, кратовски војвода и учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис Јордан Варналиев е роден во 1883 година во Велес, тогаш во Отоманското Царство. Тој бил роднина (внук) на револуционерот Петар МиховМакедоно-одрински куриер, бр.15, 30 април 1903 г., стр. 1. Завршил четврто одделение во егзархиската машка гимназија во Солун. Се приклучил на ВМОРО и од 1901 година станал четник, а подоцна организатор и војвода во Кратовската околија. На 11 март 1903 година водел борба со Турците во селото Карбинци, и се самоубил со последниот куршум Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 24.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009, стр. 244.
Поврзано
Иван Варналиев Слоботка Варналиева Александар Варналиев
Наводи
Поврзано Македонска револуционерна организација
Категорија:Варналиеви Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Македонски војводи