Сотир Ѓаков — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација. Животопис Роден е во 1854 година во селото Сенокос. Неговиот син Милан Ѓаков е војвода на ВМОРО. Сотир Ѓаков учествува во Македонското востание, а по неговото задушување се прикривал, а неговиот домот бил опожарен. Влегува во ВМОРО и станува јатак и курир на Јане Сандански. Учествувал во аферата Мис Стоун, во текот на една недела ја прикривал четата на Сандански заедно со грабнатите. Откако Јане Сандански бил убиен во 1915 година, Ѓаков го напуштил македонското револуционерно движење. Умрел во 1940 година.Македонски войводи и четници, заселили се в Плевен - взето от сайта http://kpetrov.blog.bg/ Извори
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Учесници во Македонското востание Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Починати во 1940 година