Долношлеска Горна Лужица () — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, најисточен округ на Германија. Соседни окрузи биле (од југ надесно) Лебау-Цитау, Бауцен, Каменц и округот Шпре-Ниса во Бранденбург. Слободниот град Герлиц бил на исток, до границата со Полска.
Историја
Територијата на овој округ не била дел од Саксонија пред Втората светска војна; туку, заедно со градот Герлиц, бил дел од германска Шлеска. Кога поголемиот дел од Шлеска припаднал на Полска по војната, малиот дел од шлеската покраина бил споен со Саксонија.
Моменталниот округ бил создаден во 1994 со спојување на претходните окрузи Ниски и Вајсвасер и поголемиот дел од поранешниот округ Герлиц. Во август 2008, станал дел од новиот округ Герлиц.
Географија
Главната река во округот е Лужичка Ниса, која исто така ја создава границата со Полска. Теренот главно е ридски, со широки долини. Во минатото постоеле бројни мочуришта, кои сега се претворени во плодни земјишта.
Партнерства
Нојштат на Валднаб Швандорф Зарски (Полска) Семили (Чешка)
Грб
100п|ГрбКамениот ѕид во долниот дел на грбот е симбол на регионот Горна Лужица, со нејзините три врвови симболизирајќи ги трита окрузи, кои се споиле заедно. Листовите од липа ги симболизираат Лужичките Срби, словенско малцинство. Штитот над ѕидот е стариот грб на пруската покраина Долна Шлеска (Niederschlesien).
Градови и општини
! align=left width=33%|Градови ! align=left width=33%|Општини ! align=left width=33%| |- valign=top || Бад Мускау Ниски Рајхенбах Ротенбург Вајсвасер || Боксберг Габленц Грос Дибен Хенихен Хоендубрау Хорка Клитен Кодерсдорф Кенигсхајн Краушвиц Креба-Нојдорф Маркерсдорф || Мика Најсеауе Квицдорф ам Зе Ричен Шлајфе Шепстал Золанд ам Ротштајн Требендорф Фиркирхен Валдхуфен Вајскајсел
Надворешни врски Официјална страница
Категорија:Герлиц (округ) Категорија:Поранешни окрузи во Саксонија Категорија:Историја на Шлеска