thumb|right|200px|Карта на Островите Феникс.
Орона (), претходно познат како Хал АјландKiribati Constitution of 12 July 1979 — атол во Кирибатите. Атолот е дел од Островите Феникс и има вкупна површина од околу 3.9 км2. Во средината на атолот има лагуна која е длабока 15 до 20 метри. Лагуната е поврзана со океанот на неколку места, но само низ неколку може да се помине со мал брод. Најголемата точна на атолот е 9 метри надморска височина.http://www.phoenixislands.org/orona.html . Иако низ минатото островот бил населен неколкупати, денес Орона е ненаселен атол.
Историја На атолот Орона можат да се пронајдат докази дека во минатото тој бил населен. Во источниот дел од островот има камено марае, заедно со рушевини од засолништва, гробови и останати структури.http://www.janeresture.com/kiribati_phoenix_group/hull.htm .
Денес не е познати кој го „открил“ островот, но сепак се знае дека островот бил именуван по Исак Халм на 26 август 1840 година. Кога островот станал дел од независни Кирибати, името и официјално било променето во денешната форма. На 11 јули 1889 година Британците го зазеле островот. Во 1963 година населението било евакуирано поради поплави. Британските и американските тврдења за островот престанале со независноста на државата Кирибати.
Галерија
Наводи
Поврзано
Острови Феникс Острови во Кирибати Кирибати
Надворешни врски Орона на страницата на Oceandots Орона на страницата на Jane Resture US-Kiribati Договор на пријателство
Категорија:Острови Феникс