Плавуш — село во Општина Валандово, југоисточна Македонија. Денес нема жители.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Бојмија, на северозсападните падини на планината Плавуш, на надморска височина од 500 м. Атарот е доста голем, со површина од .

Под селото, во западен правец тече Дузлаџик Дере, која на работ од атарот се влева Аразлиска Река; таа пак завршува на неколку километри југозападно како лева притока на Вардар меѓу Удово и Ѓулели.

Историја На крајот од XIX век Плавуш било претежно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Плавеш (Plavech) било село со 200 домаќинства сочинети од 420 муслимани.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото имало 1.012 жители, од кои 1.000 Турци и 12 Роми.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 162.

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 200 Турци.

Во последните децении на XIX век селото доживеало голем раст, кој траел и во првите децении на XX век. Ова се променило во 1950-тите, кога населението трикратно опаднало поради иселувањето во Турција. Селото продолжило да се празни и во 1960-тите, така што до крајот на деценијата не останал ниту еден Турчин. Интересно е да се забележи дека на пописот од 1971 г. во Плавуш се заведени 23 лица, од кои сите под графата „останати“.Башали — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) Нејасно е дали станува збор за грешка или некакво привремено сместување на друго население. Во текот на следните години селото сосема се испразнило. Според пописот од 2002 година, Плавуш немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Валандовски села Категорија:Села во Општина Валандово

Категорија:Раселени села во Македонија