Ајлук (маршалски: AelokMarshallese-English Dictionary - Place Name Index) е корален атол во Маршалските Острови. Атолот е дел од Ратачките Острови и е составен од 57 мали островчиња. Атолот се наоѓа околу 72 км северно од Вотје и има вкупна површина од 5.4 км2. Атолот има лагуна која има вкупна површина од 177.45 км2. Главните островчиња се: Аџелеп, Алиеџ, Ајлук, Алкилве, Бароркан, Бикен, Енеџаброк, Енеџелар, Капен и Мариб. Поголем број од островите се на источниот дел од атолот. Западниот дел е претежно составен од корален гребен. Лагуната има три главни влеза: Ерапу, Марок и Ененеман. Според податоците од 1999 година, на атолот живееле 513 жители.Land Area and Population Density by Atolls and Islands (persons per square mile): 1973 to 1999
Историја Германија во 1884 година тврдела дека атолот е под нивна контрола. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна по американска контрола. По независноста на Маршалските Острови, атолот станал дел од новата држава.
Наводи
Поврзано Маршалски Острови Острови во Маршалските Острови Ратачки Острови
Надворешни врски
Маршалски Острови Атолот на Oceandots
Категорија:Ратачки Острови Категорија:Општини во Маршалските Острови