Деспотизам (грчки: δεσποτία - неограничена власт, од δεσπότης - глава на семејство, господар) е форма на државно управување - автократско или олигархично Encyclopædia Britannica, во која сите нишки на моќта се наоѓаат во рацете на еден поединец и неколкумина. Деспотијата е држава со деспотско управување. За првпат терминот е воведен од страна на Аристотел, во дело Политика, дека власта на деспотот е слична со власта на господарот над робовите.

Терминот во минатото се користел за да се опишат многу владетели и влади низ историјата. Го означувал апсолутниот авторитет и моќ што ја имале фараоните од Стар Египет, го означувал благородништвото на византиските дворови, ги означувал владетелите на византиските вазални држави и служел како титула за византиските императори. Во овој и други грчки контексти, терминот се користел како почесна титула, а не како пејоратив.

Извори

Надворешни врски

Категорија:Општествени уредувања Категорија:Марксистичка теорија