Ебон или Епон (маршалски: EpoonMarshallese-English Dictionary - Place Name Index) е корален атол во Тихиот Океан составен од 22 мали островчиња. Атолот сочинува една од општините во Маршалските Острови и е дел од Раличките Острови. Атолот се наоѓа околу 155 км јужно од Џалуит. Според податоците од 1998 година на атолот живееле 714 жители. Надморската височина на атолот е 3 метри.
Историја Ебон бил комерцијален центар за китоловството во 19 век. Во 1884 година атолот бил дел од Германска Нова Гвинеја, по Првата светска војна под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Во 1986 година Маршалските Острови станале независни и атолот станал дел од новата држава.
Наводи
Поврзано Маршалски Острови Острови во Маршалските Острови Ралички Острови
Надворешни врски Посетата на Brig Vision на Ебон во 1874 Маршалски Острови Ебон на Oceandots
Категорија:Ралички Острови Категорија:Општини во Маршалските Острови