right|мини|350px|Карта на Кирибати.

Географијата на Кирибати ги опфаќа географските, релјефните и демографските одлики на земјата. Кирибати е островска државата составена од 32 атоли и 1 остров. Државата се наоѓа во Тихиот Океан и низ неа поминува екваторот. Атолите во државата ги сочинуваат трите островски групи: Линиски Острови, Гилбертови Острови и Острови Феникс. Банаба е единствен остров во државата, кој е богат со фосфат и е еден од трите фосфатни острови во Океанија. Од поглед на часовните појаси, Кирибати е најисточна држава во светот. Главен град во државата е Јужна Тарава, а службени јазици кирибатски и англиски. Кирибати има вкупна површина од 726 км2 и население од 105.432 според проценките за 2005 година.

Податоци Местоположба Кирибати се наоѓа во Океанија и е составена од три островски групи: Линиски Острови, Гилбертови Острови и Острови Феникс. Низ државата поминува екваторот. Кирибати е најисточната држава во поглед на часовните појаси. Државата нема копнени граници, но по морски пат се граничи со Науру и Микронезија на запад, со Тувалу, Токелау, Кукови Острови и Француска Полинезија на југ и со Француска Полинезија на југоисток. На исток и север се граничи со меѓународни води. Географските координати на земјата се .

Површина вупно: копно: 771 км2 вода: нема Белешка: Во вкупната површина се опфатени сите три островски групи.

Морски територии ексклузивна економска зона: 370 km територијални води: 22 km

Копнени граници нема

Брег

Клима тропска клима со топли и суви периоди.

Релјеф Повеќето од островите се рамни и опколени со корални гребени.

Надморска височина најниска точка: Тихи Океан 0 m највисока точка: Банаба

Природни ресурси фосфат

Употреба на земјиште обработливо: 0% постојани насади: 51% постојани пасишта: 0% шуми: 3% друго: 46% (проц. за 1993)

Природни непогоди во државата се појавуваат тајфуни, обично од ноември до март. Поради малата надморска височина на островите, државата може да биде потопена.

Крајни точни

Крајните точки на Кирибатите се:

северна точка – Тераина, Линиски Острови источна точка – Каролински Остров, Линиски Острови јужна точка – Флинтски Остров, Линиски Острови западна точка - Банаба

Демографија

Најголемата етничка група на Кирибати се кирибаќаните. Тие се микронезиски народ. Околу 14 век, Фиџици и Тонганци се населиле на Кирибати и со тоа се измешала етничката структура на населението.

Народот во Кирибати зборува на кирибатски јазик. Иако англискиот е службен јазик на Кирибати, тој не се користи многу.

Христијанството е најголема религија на Кирибати кое започнало да се шири во 19 век. Повеќето се католици.

Поврзано Кирибати Острови во Кирибати Географија на Океанија

*