Долни Дисан — село во Општина Неготино, во околината на градот Неготино.
Географија и местоположба
мини|лево|300п|Поглед на Долни Дисан под ридот Венец мини|лево|300п|Долното маало на селото Долни Дисан
Селото Долни Дисан се наоѓа во непосредната близина јужно од градот Неготино, на оддалеченост од околу 8 (13) километри по асфалтиран автомобилски пат кој води преку селото Тимјаник. Долни Дисан е сместено во северниот дел на областа Витачево, односно на допирот на подножјето на оваа висорамнина со дното на Тиквешката котлина.
Сместено е во долот на Дисанска Река во подножјето на ридот Венец висок 409 метри, кој се издигнува над нејзиниот лев брег. Долни Дисан е расположено на надморска височина од 280 метри, од сите страни опкружен со претежно ридско земјиште на кое се наоѓаат бројни лозови насади. Опкруженоста со ридови погледната од повисоко има изглед на Венец поради што ридскиот предел го носи тоа име. Во селото има десетина бунари и чешми со многу убава и студена вода. Една од најсилните чешми се нарекува Малавица, а останати се Горна, Долна и други.Според кажување на Ванчо, жител на Долни Дисан, со потекло од Чемерско. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски и Никола Цибрев на 10 април 2015 За нивната вода постои предание дека дотекува од планината Кожуф откако Крали Марко со својот меч направил повеќе процепи сè до Демир Капија и така ја пуштил водата да тече во Тиквешијата.
Поради честите големи штети што ги предизвикувала Дисанска Река при своите надоаѓања, куќите се повлечени понастрана од нејзините брегови и се поделени во Баково, Горно, Долно и Средно Маало од нејзината лева и Оџино од нејзината десна страна. Атарот е мошне голем и се допира до територијата на Општина Кавадарци при што зафаќа простор од 30,8 км2 на кои обработлвото земјиште зазема површина од 1.363,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.511,7 ха, а на шумите само 29,1 ха.
На делови од атарот на селото има солена почва која нуди идеални услови за сточарство, а која пак е остаток од геолошките промени кога во минатото овие простори биле под морска вода. На потегот Змијавец, се пронајдени мамутски и фосилни остатоци од коски од камили, жирафи, лавови, хиени, мастодонти (предци на слоновите) и трипрсни коњи (хипариони), стари десет милиони години. Околу врвот на ридот Венец, западно од селото има слаба пошуменост од зимзелени дрвја, додека целиот останат атар на селото е речиси без дрвна растителност со исклучок на неколку дрвја крај реката и во центарот на селото.
Историја
мини|Сред село јануари 2022 Сместено во многу познат крај кој изобилува со многу археолошки наоѓалишта од древната историја, во околината на Долни Дисан население имало уште од најдамнешните антички времиња. Селото Долни Дисан е доста старо село и според историските записи и преданија тоа е постаро од соседното Горни Дисан, кое е основано во XVIII век од жители на Долни Дисан кои избегале и таму се засолниле од чумата. За Долни Дисан меѓу населението се смета дека е староземанско односно е настанало и постоело уште пред доаѓањето на турските поробувачи.
Во тие поодамнешни времиња, сѐ до основањето на Горни Дисан, селото го носело само името Дисан. Кон крајот на XVII век по завршувањето на Карпошевото востание и Австриско-турската војна целиот крај го зафаќаат големи неприлики и промени, одмазднички напади на турските војски, муслиманите и неколку грабачки наезди и упади на Арнаути при што дошло до уништување на тогашното управно средиште на Тиквешијата - гратчето Хоово од каде еден дел од неговото население се преселило во Долни Дисан. Во исто време кон крајот на XVII век настанал голем и насилен процес на исламизација („потурчување“) на многу христијански села во рамнината на Тиквешката котлина, предводен од некојси Карапаша кој од Дебар се населил во Сопот, при што меѓу другите било опфатено и селото Долни Дисан, кое во тоа време се викало само Дисан.
Во 1785 година во Долни Дисан се населил богаташот Махмут-ага од местото Ич Ил Кабаси во областа Конија во Мала Азија при што во 1790 година доселил извесен број свои соплеменици со чија помош подоцна извршил масовна исламизација на македонското население во овој крај. Богаташот Махмут-ага чиј имот со висока кула и широки конаци го чувале голем број платени војници, многу ги малтретирал христијаните во селото терајќи ги да му го пасат добитокот на ангарија, да му носат дрва за горење и вода, им наметнувал свои даноци со единствена цел да го прифатат исламот при што во периодот од 1790 до 1830 година во Долни Дисан биле исламизирани над 200 македонски семејства. Во тоа време важно било да се наметне исламската вера, па така населението си го задржало својот македонски јазик при што со изградбата и на џамија во 1812 до 1820 година биле исламизирани половината жители на селото.
Во XVIII век во целиот предел фатила чумата, при што жителите на селото избегале во збегот под Витачево, каде еден дел од нив го основале селото Горни Дисан, а останатиот дел се вратиле назад. Иако и христијаните и муслиманите биле Македонци и зборувале ист јазик, а некои дури биле и во подалечни роднински врски, сепак поради политичките прилики и изразитата нетрпеливост, христијаните постепено се раселувале. Главна причина за тоа било што христијаните како и муслиманите отпрвин биле на „својско“ (на своја земја), па подоцна вторите ги „опљачкале“.
Околу 1870 година во селото Долни Дисан имало уште околу 60 христијански куќи од семејствата кои се вратиле заедно со муслиманите од збегот. Сепак за период од околу 40 години до крајот на турското ропство меѓу 1912 и 1914 бројот на христијански куќи во Долни Дисан опаднал на само 3. До крајот на турското владеење во селото имало повеќе чифлици и беговски кули, а селаните работеле најмногу како орачи. Додека во селото имало повеќе христијани доста развиено било и сточарството.
Селото Дисан во својот патопис за Тиквеш насловен како „Љубљано-Пеонија“ објавен на 12 февруари 1855 година го споменува и македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот.Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. Избрани страници - приредил Блаже Конески - Скопје, Мисла, 1987 г. стр. 71 За време на Балканските војни во 1913 година селото броело 210 куќи при што било запалено и изгорело. Уште за време на Балканските војни во 1912/1913, 36 муслимански куќи избегале од селото во Турција.
По завршувањето на Балканските и Првата светска војна во периодот од 1918 и 1919 година, започнува уште помасовно иселување на муслиманите и доселување на Македонци христијани од повисоките тиквешки „Горни Села“ како Чемерско, Конопиште, Бојанчиште, Бохула, Драдња под планината Кожуф, од областа Мариово како и на Македонци пребегнати или протерани од областа Меглен зад планината Кожуф во Егејска Македонија со нејзиното потпаѓање под Грција.
Во ова време со доселувањето на Македонците христијани од поткожуфските села и областа Меген во егејскиот дел на Македонија е изградена селската црква „Свети Архангел Михаил“. Според градбата црквата наликуван на храмовите во Битолско, Мариово и егејска Македонија и се разликува од оние во останатите цркви во селата во Тиквешијата и Повардарието. До тоа време во селото постоела разрушена христијанска црква. Заклучно со педесеттите и шеесеттите години на XX век, речиси целосно се иселува муслиманското население, а продолжува доселувањето на бројно македонско христијанско население од околните повисоки села Горни Дисан, Вешје и други, при што селото се здобива со својот денешен чисто македонски и христијански лик и непрестајно расте и се развива во голема и уредена населба со повеќе општествени установи.
Диме Поп Атанасов бил учесник во НОБ и е првата жртва на бунтовната Тиквешија, против најновата бугарска окупација од 1941 година (загинува на 11 јуни 1941 година, на само месец и половина од окупацијата на Македонија). Во непосредна близина на селото е смртно погоден Диме Поп Атанасов каде што денес е поставен и негов споменик во негова чест во чест на првата жртва од Тиквешијата во Народнoслободителната борба (НОБ).
Во 2014 година центарот на селото добил партерно хортикултурно уредување со бекатонски коцки, урбана опрема и клупи, скали, жардиниери и др.
Потекло и значење на името
мини|300п|Дисанска Река низ селото
Потеклото и значењето на името Долни Дисан, доаѓа од македонскиот јазик најверојатно од глаголот дише, како што наведуваат толкувањата на преданијата за неговиот настанок. Според предание и толкување прибележано во селото, некој поп од Мариово откако го посетил овој крај раскажувал за местата со најубав воздух, каде најубаво се дише, па оттаму настанало името Дисан.
Во друго предание и толкување прибележано во соседното село Горни Дисан, името Дисан доаѓа поради тоа што околината на селото изобилува со многу вода, која поради испарување (кондензација) прави местото да изгледа како да „дише“.Според кажување на Димо Димов (р. 1953) од Кавадарци и Вано Јанев (р. 1951) од Неготино, со потекло од селото. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски и Никола Цибрев на 10 април 2015. Со оглед на природно-географските одлики на местоположбата во кои се наоѓаат селата Долни и Горни Дисан вовлечени во долот на Дисанската Река, богат со извори под шумовитите падини на ридот Венец во подножјето на висорамнината Витачево, овие толкувања за дишењето на убавиот воздух и вода, се сосема точни и не се далеку од вистината.
Стопанство
мини|300п|Винарницата „Венец“ во Долни Дисан мини|300п|Винарницата „Венец“ и модерни трла за овци на сточарската фарма во Долни Дисан
Според составот на атарот селото Долни Дисан има полјоделско-сточарска функција. Убедливо најразвиена стопанска гранка со која се занимаваат сите жители на селото е лозарството. Во целата Тиквешија, Македонија, па и во странсто, Долни Дисан е едно од најпознатите и надалеку прочуени лозарски места со најголемите производители на најдобри и најквалитетни вина и ракии. Селото Долни Дисан е познато и дека во повеќе наврати во поранешна Југославија со медали е одликувано за производство на најдоброто десертно (трпезно) грозје.Според кажување на жители на Долни Дисан. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски и Никола Цибрев на 10 април 2015
На бројните лозови насади се одгледуваат домородните - автохтони сорти како „станушина“, „кратошија“, „вранец“, а многу од винарските визби се снабдуваат со грозје токму од овој реон, а нивниот „вранец“ важи за најквалитетен во Македонија. Селото Долни Дисан уште од дамнина е познато по доцната берба на грозје и производството на „подмрзнато“ или „ледено“ вино. Долни Дисан е исто така познато по неговите специјалитети „маџум“ (практично екстракт од шира), и „рачели“ (сечена тиква, маџум и сусам), специјалитети кои и лекарите ги препорачуваат како лек за жолтица, за јаловост и слично. Се разбира, тука е и гроздовиот мед. Во рамки на земјоделскиот комбинат во селото во 1950 и 1953 е изградена винарницата „Венец“, која денес е во приватна соспственост и вработува 100 луѓе.
Имено, во ова село функционарира земјоделски комбинат „Венец“, чија основна преокупација, во суштина, е грозјето и пред сè наливното вино. „Венец“ од минатата година почнува да се етаблира и како визба која произведува вино во шишиња од брендот - „Дисан“. Голем број на поединечни лозари секоја недела по неколку денови продаваат големи количества вино и ракија на Зелениот и други пазари во Скопје. Покрај лозарството, од земјоделството на доста големи површини се одгледува и жито, најмногу пченица, но исто така и јачмен, претежно на пределот десно од патот. Поголем дел од домаќинствата се занимаваат и со градинарство особено многу со одгледување на патлиџани („домати“). кои се откупуваат и продаваат на големо по пазарите низ Македонија, како и пиперки, кромид, лук, краставици во помали размери.