Валунг (Walung) била една од петте првични општини во сојузната држава Кошрај во Микронезија. Општината била најмала во државата. Во 1980 година општината била припоена кон Тафунсак, и така Кошрај добил само 4 општини и Тафунсак станала најголема општина во државата.
Географија
Валунг се наоѓал во југозападниот дел од островот, северозападно од Утве и југозападно од Тафунсак. Повеќето од западниот дел бил составен од брег. Администативен центар на општината било селото Валунг. На пописот од 1980 година општината имала само 151 жител и имала површина од 19.5 км2.
Поврзано Кошрај Тафунсак Општини во Микронезија
Надворешни врски Карта на земјиштето на Кошрај
Категорија:Општини во Кошрај