Том Бонен (; р. ) — поранешен белгиски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2002-2017 година.
Бонен победил на Светското друмско првенство во 2005 година и се сметал за специјалист за еднодневни трки со силен краен спринт. Победил четири пати на Париз-Рубе и трипати на Трката околу Фландрија, помеѓу многуте други престижни победи, како и пет пати на Е3 Харелбеке. Има освоено 6 етапи на Тур де Франс и четири пати го освоил генералниот пласман на Трката околу Катар.
Воедно, неговата личност и изглед, заедно со неговиот успех, го направиле главна спортска ѕвезда во Белгија во средина на 2000-тите, но ја изгубил популарноста, откако бил двапати позитивен на тестирањето за кокаин.http://www.sportitalia.com/ShortNews.aspx?id=4366 на италијански
Кариера Рани години
На почетокот од 2002 година, Бонен возел за екипата , завршувајќи трет на Париз-Рубе по раното бегство. Сонародникот белгискиот возач Јохан Музеув излегол на чело на трката за соло победа, а екипниот водач Џорџ Хинкапи доживеал несреќа во лизгав дел на трката, оставајќи го Бонен да воза за себе. Резултатот на Бонен во трката го принудил Музеув - неговиот херој од детството - јавно да објави дека Бонен е неговиот природен наследник.
Меѓутоа, Бонен бил целосно среќен во УС Постал, тврдејќи дека не добив доволно шанси да вози за себе. Затоа кон крајот на годината објавил дека ја напушта екипата, и покрај тоа што имал договор и се придружил на на почетокот на 2003. Меѓутоа, сезоната 2003 не поминала добро за Бонен, кој постигнувал слаби резултати, поради замор и повредата на коленото. Во оваа сезона Музеув бил неоспорен екипен водач на пролетните класици.
Сезоната 2004 Бонен ја подигнал формата и го освоил Е3 Харелбеке, класичната трка Гент-Вевелгем и Гроте Шелдепрајс. Исто така, освоил две етапи на Тур де Франс, вклучувајќи ја и престижната последна етапа во Париз, како што постигнал и Музеув во 1990.
2005
мини|лево|Бонен ја носел зелената маичка на Тур де Франс 2005
2005 била годината во која Бонен цврсто се докажал себеси како натпреварувач на светската сцена. Победувајќи на Трката околу Фландрија, Париз-Рубе, Е3 Харелбеке и завршувајќи втор на Омлоп Хет Волк (зад екипниот колега Ник Нијенс), ставил печат на пролетните класици со калдрма. Исто така, Бонен станал првиот велосипедист во историјата да победи на Трката околу Фландрија, Париз-Рубе и Светското велосипедско првенство во иста сезона.
Во неговата победа на Трка околу Фландрија, Бонен бил сметан како најсилен спринтер во последната група на возачи. Меѓутоа, наместо да се чека на крајниот момент, тој нападнал неколку километри од крајот на изненадување на другите возачи во групата и останал напред за соло победи. Еден од другите возачи во групата, Ерик Декер, подоцна изјавил дека „Јас сум среќен дека сум близу до крајот на мојата кариера, бидејќи со велосипедисти како Бонен, наредните години пролетните класици ќе бидат прилично здодевни“. Во неговата победа на Париз-Рубе, влегол на велодромот Рубе во водечкото трио и чекал до последниот момент пред да започне да спринта, со што ги победил Американецот Џорџ Хинкапи и Шпанецот Хуан Антонио Флеча.
На Тур де Франс, ги освоил втората и третата етапа. Во ова издание, Бонен ја носел зелената маичка по втората етапа. Меѓутоа бил принуден да се повлече од трката по етапата 11, по повеќе несреќи. Маичката ја презел Норвежанецот Тор Хушовд, кој ја држел до крајот на трката, станувајќи конечен победник. На 25 септември станал дваесет и првиот белгиски светски првак на Светското велосипедско првенство во Мадрид. Бегството од шест луѓе било достигнато од групата во која бил, пред да го престигне Алехандро Валверде. Тој е првиот Белгиец по Музеув, во 1996, да ја облече виножито-маичката. Со овие победи тој го обезбедил второто место во генералниот пласман на UCI ProTour 2005.
На крајот на годината, Бонен освоил неколку награда: Kristallen Fiets (Кристален велосипед), Вело д’Ор (Златен велосипед), Trofee voor Sportverdienste (Трофеј за спортска заслуга), белгиски спортист на годината и белгиска спортска личност на годината.
2006
лево|мини|Бонен се потпишува во Тарб во текот на Тур де Франс 2006
Во 2006 година, Бонен повторно имал извонреден почеток на сезоната, повторно нагласен со победата на Трка околу Фландрија, но не можел да ја одбрани титулата на Париз-Рубе една недела подоцна. Првично, на Лејф Хосте, Петер ван Петегем и Владимир Гусев им биле доделени 2., 3. и 4. место, но подоцна биле дисквалификувани од судиите на трката поради илегално возење. Со ова, светскиот првак и фаворитот пред трката Бонен дошол до второто место, зад Фабијан Канчелара.
По одличниот почеток, Бонен имал разочарувачка Трка околу Белгија. Пред почетокот на Тур де Франс 2006, тој тврдел дека се смета себеси како најсилен и најпаметен спринтер. Меѓутоа, тој не победил на етапа во првата недела, туку бил победен од неговите спринтерски соперници Роби Мекјуан и Оскар Фреир. И покрај ова, тој бил способен да ја облече жолтата маичка првпат во неговата кариера, но ја изгубил по првиот хронометар од специјалистот за хронометри Сергеј Хончар.
Бонен го напуштил Тур де Франс во текот на 15. етапа – 187 километри од Гап до Л‘Алп д‘Ез – кога не можел да се искачи на врвот Кол ду Лотаре. Според менаџерот на екипата, Бонен изгубил голема тежина во текот на трката и му требало период на одмор, кога би можел повторно да ја надополни.
Со повратената сила, на Енеко Тур Бенелукс освоил три етапи. Меѓутоа, не бил во можност да ја одбрана светската титула на Светските друмски првенства UCI, одржана на патека, која била помалку рамна отколку во Мадрид 2005 и ја изгубил титулата од неговиот екипен колега од Паоло Бетини, завршувајќи деветти.
2007
Во сезоната 2007, Бонен повторно доживеал одличен почеток со освојување пет етапи на Трката околу Катар и завршувајќи втор во генералниот пласман по неговиот екипен колега Вилфрид Кретскенс. Подоцна освоил неколку фламански трки, како што се Курне-Брисел-Курне и Е3 Харелбеке, но не успеал да победи на ниеден класик. Неговиот најдобар резултат во таа насока бил третото место на Милано-Санремо, што придонело за разочарувачка пролетна сезона.
Следно, Бонен зел учество на Тур де Франс. Во отсуство на главниот соперник Алесандро Петаки и по раната повреда на Роби Мекјуан, тој ги остварил очекувањата со победата на две етапи (етапа 6 и 12) и освојувањето на бодовниот пласман. Бил првиот белгиски освојувач на зелената маичка од Еди Планкерт во 1988 година.
2008
мини|десно|Бонен на Париз-Рубе 2008
Бонен ја започнала оваа сезона со освојување четири етапи и генералниот и бодовниот пласман на Трката околу Катар. На Трката околу Фландрија, неговата прва главна цел на сезоната, покажал добра форма, но имал одбранбена улога, кога неговиот совозач Стајн Дефолдер побегнал од групата и потоа победил. Следната недела, тој ги отспринтал Фабијан Канчелара и Алесандро Балан во последните 500 метри за победа на Париз-Рубе. На 10 јуни 2008, неколку извори тврделе дека Бонен преговара со за договор, чиј спортски директор Жан-Рене Бернодо потврдил. Преместувањето во Бјуик ќе вклучело уште два-три возачи да заминат со него, меѓудругите имињата на Вилфрид Кретскенс и Кевин Хулсманс биле често споменувани.
Иако на истиот ден било откриено дека Бонен бил тестиран позитивно на кокаин при проверка на 26 мај. Бидејќи ова било надвор од натпреварување и кокаинот не е сметан за дрога, која може да го подобри резултатот, Бонен не се соочил со санкции од UCI или WADA. Во текот на конференцијата за печатот следниот ден, тој понудил извинување и екипниот менаџер Патрик Лефевр изјавил дека, бидејќи ова било сметано како потешкотии од лична природа, екипата Квик Степ ја задржува довербата во него. И покрај отсуството на службени санкции, на Бонен веднаш му било забрането учество на Тур де Свис, а подоцна и на Тур де Франс. Во февруари 2009, белгиски суд го осудил за користење кокаин, но одлучил да не се поведат кривични санкции против Бонен, велејќи дека тој бил „доволно казнает“.
2009
мини|лево|upright|Бонен ја прославува победата на Париз-Рубе 2009.
Бонен ја започнал сезоната 2009 со освојување на етапа и генералниот и бодовниот пласмана на Трката околу Катар. Исто така ја освоил Курне-Брисел-Курне по вторпат во неговата кариера. На Ronde van Vlaanderen, неговата прва главна цел на сезоната, тој покажал добра форма, но како и во 2008 презел одбранбена улога, кога неговиот колега Стајн Дефолдер избегал и ја освоил трката по вторпат. Следната недела го освоил Пари-Рубе по третпат.
На 27 април, Бонен бил тестиран позитивно на кокаин надвор од натпреварување по третпат (првиот случај, во ноември 2007, кој не бил претходно јавно објавен) и бил суспендиран од неговата екипа, , на 9 мај, и повторно влегол во екипата на Критериум ду Дофине Либере 2009. Кратко потоа, во јуни, го освоил неговото државно првенство. По долгата правна борба му било дозволено да учествува на Тур де Франс, еден ден пред почетокот на 3 јули 2009. Наведувајќи болест се повлекол од трката на 18 јули 2009, пред петнаесеттата етапа.
Се вратил со возење на Енеко Тур, каде ја освоил третата етапа, победувајќи го Тајлер Фарар во спринт. Потоа настапил на Вуелта а Еспања со цел да се подготви за последниот дел од сезоната. Таму завршил втор на прологот зад специјалистот за хронометри Фабијан Канчелара. Доживеал пад на седмата етапа на Вуелта, 30 километарски хронометар. И покрај тоа забележал добро време, губејќи само 1'03 и завршил на крај втор зад Канчелара. Се повлекол од Вуелта на 13. етапа, сè уште патејќи од последиците на неговата несреќа на седмата етапа. Ја завршил сезоната со второ место на Париз-Тур, откако бил победен во спринтот во група од тројца, меѓу кои и неговиот сонародник и бранителот на титулата Филип Жилбер.
2010
thumb|right|Бонен на Трка околу Фландрија 2010
На почетокот на 2010, Бонен го зазел третото место на Трката околу Катар, освојувајќи две етапи, по што следела победа на етапата 5 на Трката околу Оман. Исто така победил на етапата 2 од Тирено-Адријатико, пред да заврши втор зад Оскар Фреир на првиот монумент од сезоната, Милано-Санремо. Бонен завршил втор зад Фабијан Канчелара на Е3 Харелбеке, резултат кој се повторил на Трката околу Фландрија. Бонен завршил петти на Париз-Рубе следната недела.
Поголемиот дел од втората половина на сезоната го пропуштил - вклучувајќи ги и Тур де Франс, белгиското и светското првенство – поради тендинитис околу неговото лево колено, што било предизвикано од падови на Трката околу Калифорнија и Тур де Свис. Се вратил со возење во октомври на Сиркут Франко-Белж и Париз-Тур.
2011
мини|лево|Бонен кон победа на Гент-Вевелгем
Бонен ја започнал сезоната со прво место на првата етапа на Трката околу Катар. Ја освоил Гент-Вевелгем, со што ја зел неговата единствена голема победа на класична трка таа сезона, додека на Трката околу Фландрија завршил четврти, а Париз-Рубе го напуштил по пад. Бонен исто така доживеал несреќа на етапата 6 на Тур де Франс, но и покрај ја завршил етапата, но повредите го принудиле да се повлече на етапа 7. На Вуелта а Еспања, Бонен повторно паднал, со што го пропуштил и Светското првенство.
2012
мини|Бонен победил на Париз-Рубе по четврти пат, изедначувајќи го рекордот држен од Роже де Влеминк.
Бонен ја започнал сезоната 2012 добро, со победа на етапата 7 на неговата прва трка од сезоната, Тур де Сан Луис. Во февруари, го освоил генералниот пласман на Трката околу Катар, воедно освојувајќи две етапи и бодовниот пласман, а завршил втор зад Сеп Ванмарке на Омлоп Хет Ниувсблад.