Тајландски јазик или тајски јазик (, мктр. паса тај ), поточно централен тајскиНе е исто што и „централни тајски јазици“ или сијамски — државен и службен јазик на Тајланд и мајчин јазик на Тајланѓаните (Тајци). Спаѓа во групата на тајски јазици во рамките на крадајското јазично семејство (тај-кадај). Некои зборови во тајландскиот се позајмени од пали, санскрит и старокмерскиот. Тајландскиот е тонски и аналитички јазик. Има сложен правопис и разни зборови за односно означување. Тајландскиот е заемно разбирлив со лаоскиот јазик.Јазици од типот „аусбау“ и „абштанд“

Јазици и дијалекти мини|Камен натпис на кралот Рам Камхенг напишан на првобитно тајско писмо Тајландскиот е службен јазик на Тајланд и има 20 говорници (2000).Извештај за тајландскиот јазик - Ethnologue Стандардниот (литературен) тајландски се заснова на варијантата што ја говореле образованите класи во Бангкок. Коратскиот тајски јазик го говорат околу 400.000 луѓе (1984) во покраината Нахон Ратчасима; зазема лингвистичка положба на дијалектен континуум некаде помеѓу сијамскиот и исанскиот, а може да се смета и за варијанта на двата.

Покрај сијамскиот тајски јазик, во Тајланд се говорат и други сродни тајски јазици, како:Статистики од Ethnologue. исански (североисточен тајски) - јазикот на областа Исан во Тајланд, социокултурно засебен мешан тајско-лаоски дијалект што се пишува со тајско писмо. Има 15 милиони говорници (1983). галунг - застапен во покраината Након Паном во североисточен Тајланд. севернотајски - има околу 6 милиони говорници (1983) во поранешното независно кралство Лана. њо - застапен претежно во покраините Након Паном, Сакон Након, Удон Тани во североисточен Тајланд. пуански - се говори во централен Тајланд, Исан и северен Лаос, со непознат број на говорници. путајски - со 156.000 говорници околу покраината Након Паном (1993). пански - застапен со 56.000 говорници во северозападен Тајланд долж границата со некогашните Шански кнежевства на Бурма (1993). сонг - со 20.000 - 30.000 говорници во централен и северен Тајланд (1982). јужнотајски - има околу 5 милиони говорници (1990). црнотајски (тајдамски) - со 20.000 говорници (1991) во Исан и покраината Сарабури. ле (тај ле, дајски) - застапен со 78.000 говорници (1993) во северен Тајланд.

Во рамките на Тајланд се говорат и разни други јазици што не се сродни на тајските. Во деловите близу Лаос и Бурма живеат ридски родовски народности што говорат хмонгмјенски (јао), каренски, лису и други јазици. Во деловите близу Камбоџа е застапен кмерскиот, а во средишниот дел на покраината Супанбури се говори јазик од мон-кмерското семејство наречен суај (ส่วย) гуај или куај (กวย).

Сијамскиот тајски јазик е составен од неколку посебни стилови на говор (регистри), секој прикладен за поинаков општествен контекст: уличен или обичен (ภาษาพูด = говорен тајски): неформален, без учтиви обраќања. Се користи за општење со блиски роднини и пријатели. отмен или формален (ภาษาเขียน = пишан тајски): службена и литературна варијанта, со учтиви обраќања; се користи во весниците, во упростен облик. беседнички: се користи за јавно говорење. верски: (со големи влијанија од санскрит и пали) се користи кога се зборува за будистички работи и обраќање кон монаси. кралски (ราชาศัพท์): (со влијанија од кмерскиот) се користи за обраќање кон кралското семејство и кога се зборува за нивните активности.

Писмо мини|250п|Стари книги во традиционален долгнавест облик призврзани во снопови.

Се смета дека тајландската азбука води потекло од кмерското писмо, кое пак е создадено по углед на староиндиското брамско писмо. Како и самиот јазик, тајландската азбука е сродна на лаоската. Ги има следниве одлики:

писмото е азбучнослоговно (абугида), каде поздразбраната самогласка е кратко кај слоговите што не завршуваат на согласка и кратко кај слоговите што завршуваат на согласка. Тонските надредни знаци се ставаат над почетната согласка во слогот. Самогласките што доаѓаат по согласка не се доследни: можат да бидат пред, по, над или под согласката, или пак некоја комбинација од тие положби.

Азбуката најчесто се транскрибира на латиница со системот општа кралска тајландска транскрипција (RTGS) на Кралскиот институт на Тајланд.Општа кралска тајландска транскрипција - Кралски институт на Тајланд Освен запредавање на поими и имиња, во рамките на Тајланд, системот наоѓа примена на патни знаци. Најголема мана му е тоа што не ја претставува должината на тоновите и самогласките.

Граматика Од типолошка гледна точка, тајландскиот е аналитички јазик. Збороредот е од типот „подмет–глагол–предмет“, со тоа што подметот честопати се испушта. Заменките зависат од родот и општествената положба на говорникот во однос на слушателот.

Придавки и прилози Во јазикот не постои морфолошка разлика помеѓу прилози и придавки. Многу зборови можат да ги вршат двете функции. Ваквите зборови се ставаат по зборовите што ги менуваат, како именка, глагол или друга придавка или прилог. Интензитетот се искажува со удвојвуање на зборот, и има значење „многу“ (првото со повисок тон) или „прилично“ (двете со ист тон) (Higbie 187-188). Удвојувањето не се врши повеќе од еднаш во една проста реченица. คนอ้วน (khon uan, ) дебел човек คนอ้วน ๆ (khon uan uan, ) многу/прилично дебел човек คนที่อ้วนเร็วมาก (khon uan rew mak, ) многу брзо угојлив/угоен човек คนที่อ้วนเร็วมาก ๆ (khon uan rew mak mak, ) многу многу брзо угојлив/угоен човек

Компарацијата е од обликот „А X กว่า Б“ (kwa, ), А е поX од Б. Суперлативот се изразува како „А X ที่สุด“ (thi sut, ), A е најX. เขาอ้วนกว่าฉัน (khao uan kwa chan, ) Тој/таа е подебел(а) од мене. เขาอ้วนที่สุด (khao uan thi sut, ) Тој/таа е најдебел(а) (од сите).

Бидејќи придавките може да се користат како целосни прироци, многу зборови што го означуваат времето на глаголите можат да се употребат за изразување на придавки. ฉันหิว (chan hiu, ) Гладен сум. ฉันจะหิว (chan cha hiu, ) Ќе бидам гладен. ฉันกำลังหิว (chan kamlang hiu, ) Гладен сум сега. ฉันหิวแล้ว (chan hiu laeo, ) Веќе сум гладен.

Напомена ฉันหิวแล้ว претежно значи „Гладен сум сега“ бидејќи е вообичаено แล้ว () да биде збор за минато време, но แล้ว има и многу други значења. на пример, во реченицата แล้วเธอจะไปไหน (): Значи, кај одиш?, แล้ว () има улога на честичка за говор (дискурс).

Глаголи Глаголите немаат флексија како во македонскиот (не се менуваат во зависност од лицето, времето, залогот, начинот или бројот), а во јазикот не постојат ни глаголски придавки. Интензивноста на глаголското дејство се изразува со редупликација (повторување).

Пасивот се означува со вметнување на зборчето ถูก (thuk, ) пред глаголот. На пример: เขาถูกตี (khao thuk ti, ), Тој е удрен. Со ова се претставува дејство што е вон контрола на примачот и затоа означува и страдање.

Спротивната смисла, кајшто се укажува некоја прилика, се искажува со зборчето ได้ (dai, = може). На пример: เขาจะได้ไปเที่ยวเมืองลาว (khao cha dai pai thiao mueang lao, ), Тој ќе може да го посети Лаос.

Треба да се има предвид дека dai ( и ) се пишуваат исто (ได้), но имаат различно значење. Првото има кратка самогласка () и означува дека на глаголот му се укажува некоја прилика. Второто има долга самогласка () и се става по глаголот за да означи добиена дозвола или можност да се направи нешто.

เขาตีได้ (khao ti dai, ), Тој може(ше) да удри

Негацијата се означува со зборчето ไม่ (mai, = не) ставено пред глаголот. เขาไม่ตี, (khao mai ti) Тој не удира.

Времето се изразува со временски ознаки (зборчиња) пред или по глаголот. Сегашното време може да се означи со กำลัง (kamlang, = сега) пред глаголот кај тековното (несвршено) дејство, со อยู่ (yu, ) по глаголот, или со двете. На пример: เขากำลังวิ่ง (khao kamlang wing, ), или เขาวิ่งอยู่ (khao wing yu, ), или เขากำลังวิ่งอยู่ (khao kamlang wing yu, ), Тој трча.

Идното време може да се означи со จะ (cha, = ќе) пред глаголот или со израз за време што укажува на идност. На пример: เขาจะวิ่ง (khao cha wing, ), Тој ќе трча

Минатото време може да се означи со ได้ (dai, ) пред глаголот или со израз за време што укажува на минатост. Меѓутоа, минатоста почесто се изразува со зборчето แล้ว (laeo, : = веќе) со негово ставање зад глаголот. Минатоста може да се искаже и со двете заедно (ได้ и แล้ว), т.е. во обликот Подмет + ได้ + Глагол + แล้ว. На пример: เขาได้กิน (khao dai kin, ), Тој јадеше เขากินแล้ว (khao kin laeo, , Тој веќе јадеше เขาได้กินแล้ว (khao dai kin laeo, ), Тој (веќе) јадеше

Тајландскиот користи „нанижани глаголи“ (сериска конструкција). Некои од овие комбинации се прилично застапени и може да се сметаат за утврдени изрази. เขาไปกินข้าว (khao pai kin khao, ) Тој излезе да јаде, букв. Тој оди јаде храна ฉันฟังไม่เข้าใจ (chan fang mai khao chai, ) I don't understand what was said, букв. Јас слуша не разбира เข้ามา (khao ma, ) Влези, букв. влезе дојде ออกไป! (ok pai, ) Оди си! или Излези!, букв. излезе оди

Именки мини|Знак на железничката станица „Макасан“ Именките не се менуваат во склад со околните зборови, немаат род и немаат членови.

Именките не се ниту во еднина ниту ви множина. Извесни именки се повторуваат (редупликација) за да се добие збирност: зборот เด็ก (dek = дете) честопати се повторува во обликот เด็กๆ (dek dek) за да се означи група деца. Зборот พวก (phuak, ) може да стои како претставка на именка или заменка за збирно да го умножи или нагласи следниот збор. (พวกผม, phuak phom, , ние, машки род; พวกเรา phuak rao, , нагласено ние; พวกหมา phuak ma, кучиња(та)) Множината се изразува со класификатори што играат улгоа на мерни зборови (ลักษณนาม), во обликот „именка-број-класификатор“ (ครูห้าคน = наставник пет човек за изразување на „пет наставници“). Додека во македонскиот ваквите класификатори обично ги нема („четири столчиња“) или се користат по избор („две шишиња пиво“ или „две пива“), тајландскиот секогаш мора да користи класификатори (затоа „столче четири единки“ и „пиво две шише“).

Заменки Заменките во подметот честопати се изоставуваат, а на нивно место се користат прекари. Кога се користат, придавките имаат хиерархија во смисла на учтивост, персирање и општествена положба. За кралските и благородничките и свештеничките титули важат посебни заменки. Следниве придавки се погодни за разговорно општење во секојдневието:

Збор RTGS МФА Значење ผม phom јас/мене (машко; формално) ดิฉัน dichan ) јас/мене (женско; формално) ฉัน chan јас/мене (женско; неформално; порано било двородова заменка; редовно го користат транссексуалци) คุณ khun Вие (учтиво) ท่าน than Вие (учтиво, кон лице со висок статус) เธอ thoe ти, таа/нејзе (неформално) เรา rao ние/нас, јас/мене/ти (разговорно) เขา khao тој/него, таа/нејзе มัน man тоа, тој/таа (понекогаш разговорно или навредително; се однесува само на луѓе) พวกเขา phuak khao тие/ним พี่ phi батко, дада (и повозрасни познаници) น้อง nong помал брат, сестра (и помлади познаници) ลูกพี่ ลูกน้อง luk phi luk nong прв братучед/братучетка

Повратната заменка е ตัวเอง (tua eng) = себе. Ова може да се смеша со друга заменка за да се добие интензивна заменка, како ตัวผมเอง (tua phom eng, букв. јас самиот) или ตัวคุณเอง (tua khun eng, букв. ти самиот).

Тајландскиот нема посебна присвојна заменка, туку своината се изразува со честичката ของ (khong = на). На пример, „мајка ми“ гласи แม่ของผม (mae khong phom, букв мајка на јас). Оваа честичка често се подразбира и затоа се испушта: แม่ผม (mae phom).

Во јазикот има многу повеќе заменки од горенаведените и нивната употреба е полна со нијанси. На пример:

„ผม เรา ฉัน ดิฉัน ชั้น หนู กู ข้า กระผม ข้าพเจ้า กระหม่อม อาตมา กัน ข้าน้อย ข้าพระพุทธเจ้า อั๊ว เค้า“ - сите значат „јас“, но секое изразува друг род, возраст учтивост, општествена положба и однос помеѓу говорникот и слушателот. เรา (rao) може да биде прво лице (јас), второ лице (ти) или обете (ние), зависно од контекстот. При обраќање на некој постар се користи หนู (nu) како женско прво лице (јас). Но при обраќање на некој помлад, истиот збор หนู е второ лице среден род (вие).