Горка Исагире Инчаусти (; р. ) — шпански професионален велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата . Тој е брат на велосипедистот Јон Исагире.

Кариера

Заедно со брат му, потпишал за за сезоната 2014. Јон заминал во екипата на почетокот на сезоната 2017.

Мовистар (2014-2017)

Горка ја освоил трката Пруеба Вилјафранка де Орисија по третпат во неговата кариера во 2014 година. Негов прв пласман меѓу првите десет на етапна трка од Светската турнеја бил во 2015 година, кога завршил деветти на Париз-Ница. Во 2017 година, Горка имал фантастичен настап на Париз-Ница уште еднаш и завршил четврти. Подоцна во 2017 година, Горка ја освоил осмата етапа на стотото издание на Џиро д’Италија.

Бахреин-Мерида (2018) 2018

upright|мини|лево|Исагире на Тур де Франс 2018

Горка потпишал со екипата Бахреин-Мерида за сезоната 2018. Ја започнал сезоната со седмото место на Тур Даун Андер. Потоа, го освоил третото место на Трката околу Оман. Бил предводник на екипата заедно со брат му Јон на Париз-Ница. Нападнал на спустот со Јон на последната етапа и браќата сакале да завршат прв и втор, но и обајцата паднале на кривина при спустот, поради што ја изгубиле предноста и Горка завршил трет на трката.

Кон крајот на јуни, Горка завршил втор на националното хронометарско првенство и неколку дена подоцна го освоил друмското првенство. Учествувал на Тур де Франс како помошник за предводникот на екипата Винченцо Нибали, меѓутоа Нибали се откажал од трката на етапата 13, поради што Горка имал шанса да лови етапни победи. Успеал да се впушти во бегство на етапата 16 и завршил втор на етапата, 15 секунди зад етапниот победник Жилијан Алафилип.

Астана (2019-денес)

Во август 2018 година било објавено дека браќата Исагире ќе се приклучат на за сезоната 2019.

Достигнувања

2010 1. Етапа 4 Трка околу Луксембург 1. Пруеба Вилјафранка де Ордизија 7. Етапа 3 Енеко Тур 2011 2. Трофео Деја 7. Етапа 8 Париз-Ница 9. Трофео Инка 10. Краен пласман Тур ди Хаут Вар 2012 1. Пруеба Вилјафранка де Ордизија 2013 7. Краен пласман Тур Даун Андер 2014 1. Пруеба Вилјафранка де Ордизија 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања 2. Класика Примавера 2015 1. 20п Екипен пласман Тур де Франс 8. Краен пласман Тур Даун Андер 9. Краен пласман Париз-Ница 2016 2. Класика Примавера 5. Краен пласман Трка Дубаи 2017 1. Етапа 8 Џиро д’Италија 1. Класика Примавера 4. Краен пласман Париз-Ница 8. ГП Мигел Индураин 2018 Национални друмски првенства 1. 20п Друмска трка 2. Хронометар 3. Краен пласман Париз-Ница 3. Краен пласман Трка околу Оман 7. Краен пласман Тур Даун Андер 20п Награда за борбеност на етапа 13 Вуелта а Еспања 2019 1. 20п Краен пласман Тур де ла Прованс 1. Етапа 1 (TTT) Вуелта а Еспања 3. Национално хронометарско првенство 4. Класика де Сан Себастијан 9. Светско друмско првенство 2020 3. Државно првенство во велокрос

Распоред на резултатите на трките

Распоред на резултатите на големите трки Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро—————83——28—— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур——6639СО—32СО—2442 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта—————37———2953Распоред на резултатите на етапните трки Етапна трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 Париз-Ница——5472181291943СО Тирено-Адријатикоcolspan=11 Волта а Каталуња—87— — — — — — — — — Трка околу БаскијаСО— —СО522962СО554128 Тур де Романди——— — —— —19—22— Критериум ди Дофине—— — —43 —19 — — —18 Тур де Свис——1822———12—32—

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Шпански велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Тур де Франс Категорија:Баскиски велосипедисти Категорија:Шпански етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020